Книги кои треба да ги додадете на вашата листа за читање во јуни
Јуни ви ветува бесконечна забава низ очите на различни литературни ликови во кои сме сигурни дека ќе се пронајдете.
1. „Извини, ми недостигаше“ (Sorry I missed you) – Сузи Краузе
Ова е приказна за три цимерки кои добиваат писмо, но не знаат за кој е наменето. Така секоја од нив тргнува на своето патување за да ги добие одговорите што ги бара.
2. „Вториот дом“ (The Second Home) – Кристина Кленси
Станува збор за три сестри кои се обидуваат да го продолжат животот откако нивните родителите умираат. Во нивниот втор дом нивните животи ќе се сменат.
3. „Аферата на наследникот“ (The Heir Affair) – Хедер Кокс и Џесика Морган
Ако сте љубители на кралското семејство, тогаш дефинитивно ќе ја сакате оваа книга. Книгата зборува за кралската свадба која не помина според планот, но парот сепак продолжува да се обидува да ја спаси врската.
4. „Ужинка и други обврски“ (Brunch and Other Obligations) – Сузан Нуџент
Нора, Лена и Кристина се скршени по смртта на нивната најдобра пријателка и нивниот именител, Моли. Малкумина знаат дека Моли освен што им оставила многу подароци, таа оставила и белешка со чудно барање во кое вели дека Нора и Лена мора да имаат ужинка барем еднаш месечко за период од една година.
5. „Секогаш последниот што дознава“ (Always the last to know) – Кристан Хигинс
Семејна трагедија ги разделува сите, но одеднаш тие се принудени повторно да се вратат заедно.
6. „Половината што исчезна“ (The Vanishing Half) – Брит Бенет
Приказна за близначки кои беа израснати во мала јужна заедница. Секоја од нив си го одбира својот пат и секоја живее во многу различен свет од другата. Како можат идентичните близнаци да се идентификуваат толку поинаку?
7. „Ова е сè што бара од тебе “ (This is All He Asks of You) – Ен Егсет
Приказна за врските помеѓу луѓето која ќе ве воодушеви уште од самиот почеток.
8. „Неделната девојка“ (The Sunday Girl) – Пип Дрејсдел
Одличен трилер полн со мистерии. Сигурно ќе уживате!
Погледнете ја и оваа листа на неверојатни книги за љубовта која го менува светот.