Книга: „Приказна за господин Зомер“ – Патрик Зискинд

Книга: „Приказна за господин Зомер“ – Патрик Зискинд

Иако за господин Зомер не се знаеше многу, со сигурност можеше да се каже дека во круг од 60 км немаше човек, маж, жена, или дете – па дури ни куче – што не го познаваше господинот Зомер.
1-kniga-prikazna-za-gospodin-zomer-patrik-ziskind-kafepauza.mkНаша оценка: 7
Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (2 гласа, просек: 8,50 од 10)
Loading...

Со намера да внесам малку разноликост во моите рецензии, решив овој пат да ви презентирам детска книга, која во никој случај не е само детска. Поточно, може да се рече дека е приказна од детството, но не и стриктно детска книга. Може да ја читаат и деца и возрасни. Лесна е, читлива, полна со илустрации, и ќе ве поттикне да се замислите за мистериозниот и загадочен шетач, господинот Зомер.

Интересно е тоа што може да му ја дадете на вашето дете или на вашиот помал/а брат/сестра да ја прочита и потем заедно да развивате дискусии за книгата. Една ваква загадочна и кратка приказна во еден здив е совршен почеток за идните вљубеници во литературата.


Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ



„Во времето кога јас сè уште се јазев по дрвја, во нашето село, на одвај два километри од нашата куќа, живееше еден човек по име господин Зомер. Тоа беше неговото презиме. Никој не му го знаеше името и никој не знаеше дали господин Зомер има некоја професија. Се знаеше само тоа дека госпоѓа Зомер имаше свое занимање, правеше кукли…“

Во цело Долно и Горно Езерани, нема некој кој не го знае господин Зомер. Нема некој кој не чул за него, нема некој кој не го видел како неуморно оди, но нема ни некој кој знае нешто повеќе за него. Господин Зомер е вистинска мистерија. Тој неуморно шета, талка и ретко кога им зборува на луѓето. Неговата сопруга, госпоѓа Зомер прави кукли, тоа е сè што се знае за Зомерови.

2-kniga-prikazna-za-gospodin-zomer-patrik-ziskind-kafepauza.mk

Господин Зомер е секогаш по патиштата. Оди од село во село небаре некој го гони, од нешто се плаши, од нешто бега. Кога децата рано изутрина одат на училиште тој свеж и расонет оди по патот, навечер кога сонцето се крие, господин Зомер продолжува неуморно да оди. Оди и ако има дожд, грмотевици, бура. Господин Зомер едноставно оди, ита кон нешто или негде. Со својот празен ранец и долг стап на кој се потпира, овој необичен господин станува дел од животот на едно мало момченце кое е на прагот на зрелите години. Дури кога малото момченце ќе престане да јази по дрвја, господинот Зомер засекогаш ќе исчезне.

Со сегменти на детска и наивна младешка љубов, Зискинд на по малку необичен и интригантен начин го опишува созревањето на едно младо момче и го преточува во загадочна приказна, која иако мала и кратка, ќе ве натера да се замислите. Што се крие зад господинот Зомер, дали децата го гледаат господин Зомер со поинакви очи, од што бега таинствениот и стар господин Зомер и каква улога има тој во созревањето на момчето што ни ја раскажува приказната?

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 8 октомври 2014.

Добитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.

Наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Al Reply

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ
    A sekoj pat izvestuvate samo eden dobitnik na eden primerok od knigata, a kade e drugiot???

Остави коментар