Книга: „Понекогаш доаѓа среќа“ – Винка Саздова

Книга: „Понекогаш доаѓа среќа“ – Винка Саздова

„Никому не можеш да му одземеш од тагата за да му олесниш, а од среќата… ех, од среќата можеш. Среќата блика од тебе, се умножува со споделување.“

(1) kniga-ponekogash-doagja-srekja-www.kafepauza.mkВи го претставуваме третиот роман на госпоѓата Винка Саздова. Пречекајте го со восхит и почит, баш како што му доликува. Изработен до перфекција, подготвен да ви го одземе здивот со секоја нова страница. Ќе ве натера да се запрашате што е всушност среќа? Секој среќата ја опева и возвишува, но кога вистински ја чувствуваме? Насловот може да биде вистинска загатка. Навестува среќен крај со сигурност или пак нагласува дека само понекогаш среќата доаѓа а некогаш нè одминува? Е тоа веќе вам ви останува да го откриете.

Младата Гора се вљубува во возрасниот и зрел Давид кој е разведен човек и има синче по име Матеј. Поточно Гора се вљубува во неговите длабоки очи и неговиот грижлив поглед кон синот. Тоне во опојноста на сета убост која излегува од нив и посакува, искрено посакува, неговите очи и неа така да ја гледаат.


Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ


Но светот на Давид не се концентрира само на Гора, за разлика од нејзиниот свет кој станува зависен од Давидовиот поглед. Тој пак е опседнат со љубовта кон неговиот син, го сака само за себе, се проколнува себеси за штетата која му ја направил на своето чедо бидејќи товарот од разводот најмногу се чувствува врз плеќите на децата. Неговото време со Матеј е мерено и броено, небаре ситни зрнца песок. Неговото дете е поделено меѓу два света, два дома, едниот на мајката, другиот на таткото.

Од друга страна пак, наизменично Гора си ја кажува својата приказна, ја соголува душата пред нас, ни верува и ни се исповеда. Нејзините чувства се измешани, а годините ѝ се кревки. Гора има разбрануван однос со семејството, најмногу со својата сестра Ведра…

Ќе успее ли Гора да освои свое место во срцето на Давид? Дали е повеќе слична отколку различна со својата сестра? Која е всушност Ведра и зошто Гора е толку опседната секојпат да ја префрли вината врз неа? Дали среќата ќе ги одмине двајцата протагонисти или пак ќе застане да ги почести со својата убост?

Книга: „Понекогаш доаѓа среќа“ – Винка Саздова

Прво може да речеме дека е љубовен роман, но во никој случај плиток и во никој случај само љубовен. Опфаќа чувствителни теми како развод и справувањето на децата откако ќе ја изгубат својата целина наречена семејство. Става акцент на разбрануваните млади чувства и нагласува дека сепак на крајот секој сака да ги пронајде оние очи кои само него ќе го гледаат.

Тогаш кога само за миг ќе помислите дека не сте дел од оваа приказна и дека може да се препуштите без многу да се интересирате за животот на Гора, таа ќе ве потсети дека вие сте оние кои треба да ѝ дадат одговори на многу прашања и ќе сфатите дека сте дел од секоја нишка од овој роман.

„Што е среќа? Дали таа доаѓа од некаде или самите ја креираме? Се разбира, јас сум поборник за втората идеја. Среќата е само преслик на нашиот внатрешен свет. Тоа што е внатре го умножуваме во реалноста. Или, уште поедноставно: самите ја креираме, па ако сакате и дозираме, сопствената среќа. Има луѓе што се среќни, а веруваат дека не се, има и такви што во нашите очи се несреќни, кои ги обиколила среќата, ама тие го чувствуваат токму спротивното, има… нè има секакви.“ – Винка Саздова

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

Роман за кој топло препорачувам да ви легне во прегратка. Ќе го паметите и ќе сакате да го препрочитате.

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до вторник, 19 ноември 2013.

Добитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Марија Николовска Reply

    #СакамКнигаодТРИ – Марија Николовска

  2. Dragana Reply

    Sakam kniga 🙂

  3. Љубица Манолева Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Љубица Манолева

  4. marija Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Marija Trajkovska

  5. МИРЈАНА Reply

    #СакамкКнигаОдТРИ – Мирјана

  6. Moi Reply

    A da si ja kupite?

  7. Natalija Reply

    Ako ne ja dobijam ce ja kupam obavezno ….pozz!

Остави коментар