Книга: „Пламен сјај“ – Трејси Шевалие

Книга: „Пламен сјај“ – Трејси Шевалие

(1) Kniga-plamen-sjaj-trejsi-shevalie-www.kafepauza.mkКнигите на Трејси Шевалие според многумина претставуваат идеален спој – драгоцено камче историја претворено во уникатно дело благодарение на фантазијата и огромното внимание посветено на детали. Инспирацијата за „Пламен сјај“ Шевалие ја црпи од животот на Вилијам Блејк – поет, сликар и гравер кој како и повеќето уметници кои биле пред нивното време, се соочувал со неодобрување од околината додека бил жив за подоцна неговите дела да бидат признаени и ценети.

Главните ликови се всушност семејството Келавеј кои од мало, рурално место во Англија во 1792 година се преселуваат во Лондон и се соочуваат со предизвиците на големиот и за нив опасен град. Томас Келавеј е столар кој ја добива можноста на неговиот живот кога Филип Астли – сопственикот на највозбудливиот циркус во Лондон ќе го покани да работи за него. Семејството од малечко селце се сели во големиот град, на навидум вообичаена улица со не толку обични соседи. Блејк е најинтересниот лик од сите и всушност го запознаваме преку нивните очи, поточно преку доживувањата на младиот Џем Келавеј кој ќе биде воодушевен од неговите дела, размислувања и начин на живот.

Заедно со новата пријателка Меги, итра градска девојка која е целосна спротивност од срамежливиот Џем и неговата мила сестра Мејси, од ден на ден дознаваат нешто ново за уметникот кој живее на нивната улица. Блејк и неговата жена ќе ги засакаат новите љубопитни соседи и на некој начин уметникот ќе ги вовлече во неговиот свет, постојано предизвикувајќи ги да размислуваат поинаку за сѐ што ги опкружува. Една од најпознатите книги на Блејк е „Песните на невиноста и искуството“ која претставува збирка од детски песни посветена на секојдневните доживувања кои го обликуваат карактерот на децата и на некој начин ги дефинираат какви ќе бидат кога ќе пораснат. Според критичарите, Џем, Меги и Мејси ги „живеат“ неговите песни, а „Пламен сјај“ е книга токму посветена на патот од невиноста до искуството.

(2) Kniga-plamen-sjaj-trejsi-shevalie-www.kafepauza.mk

Од магичните претстави во циркусот до драматичните случувања во домовите на соседите на возбудливата улица, Шевалие раскажува со типичната посветеност на детални описи и повремено го почестува читателот со интересен историски факт совршено вклопен во текот на приказната. „Пламен сјај“ е од оние книги коишто немаат лоши и добри ликови ниту пак драматичен сплет на околности, па читателот се препушта целосно на едно делче историја со посебна магија на кое треба дефинитивно да му се посвети внимание. Книгата е одлична за опуштено летно попладне, со леснотија ве носи во едно друго, поинакво време, а со последната страница ве враќа назад, но со чувство за носталгија кое трае.

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 18 јуни 2014.

Добитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.

Наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

Остави коментар