Книга: „Патување од сто чекори“ – Ричард С. Морејс

Книга: „Патување од сто чекори“ – Ричард С. Морејс

Не читајте ја книгава ако сте гладни – ќе ја изедете!

1-kniga-patuvanje-od-sto-chekori-richard-s-morejs-kafepauza.mkНаша оценка: 7
Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (6 гласа, просек: 8,00 од 10)
Loading...

Ричард С. Морејс е американски новинар и писател, роден во Португалија, израснат во Швајцарија. Поголемиот дел од животот го поминал надвор од својата земја, а кариерата ја почнал во Њујорк. „Патување од сто чекори“ е неговиот прв роман, кој во 2010-та година ја доживува и својата филмска адаптација. Овде Морејс го води читателот низ едно кулинарско патување, испреплетено со елементи на индиската и француската култура, прикажувајќи ја нивната богата гастрономија и сите слатки тајни на добриот вкус и неодоливите кулинарски специјалитети.


Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ


Приказната започнува на прашливите улици на Бомбај, со претставувањето на Хасан Хаџи, момче со извонреден кулинарски талент родено над скромната индиска семејна гостилница. Откако ненадејната трагедија ќе го протера големото семејство од Индија, по краткиот престој во Лондон, барајќи утеха во локалната храна низ Европа, семејството конечно ќе се пресели во тивкото село Лумиер на француските Алпи. Новоотворениот и бучен индиски ресторан е трн во окото на мадам Малори, сопственичката на елитниот француски ресторан отспротива. Нивната кулинарска војна кулминира со кобна пресметка во која затечениот Хасан за малку ќе настрада. Двете страни ја закопуваат секирата и младиот готвач ја прифаќа неповторливата понуда на славната готвачка – да го воведе во тајните на француската кујна. Така ги изминува првите трнливи сто чекори во светот на кулинарството, а оттаму судбината го води во безброј нови авантури во Париз, светската престолнина на гастрономијата.

2-kniga-patuvanje-od-sto-chekori-richard-s-morejs-kafepauza.mk

Живите и колоритни описи на Мумбај, деталните и внимателните описи на подготвувањето на врвните јадења и лесната и едноставна приказна се она што „Патување од сто чекори“ го прави добар, но не и одличен роман. Она на што авторот најмногу се задржува, е секако карактеризацијата на главниот лик Хасан Хаџи, која е одлично започната, но не успева да ја задржи потребната логична линеарност и соодветна временска поврзаност меѓу настаните што се случуваат. Прескокнати се временски периоди од по неколку години, кои на крајот ве оставаат со чувство на збунетост и жалење дека авторот можел да биде малку повешт. Културните пространства и разликите меѓу француската и индиската кујна, се исто така скржаво и банално доловени, но задржаниот забавен и разигран раскажувачки тон, го прави сето тоа подносливо. Иако преводот во голем дел успева да го долови тој дух на оригиналот, напати недоволно промислените преведувачки решенија не изостануваат.

Иако романот ги изневери моите првични очекувања, сепак постојат моменти кои се вредни за почитување. Ненадејните случки на ликовите нè потсетуваат на неизбежноста на судбината и факторот среќа. На важноста на семејството и почитувањето на сопствената култура. На лажните предрасуди дека одличниот вкус го поседуваат само богатите и на фактот дека и по вртоглавите успеси, човек треба да остане цврсто приземјен и скромен бидејќи пресвртот доаѓа ненајавен. Па така, „Патување од сто чекори“ е одличен начин за пополнување на неделното попладне во неизбежно присуство на некој вкусен кулинарски специјалитет!

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 10 септември 2014.

Добитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.

Наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар