Книга: „Огледи за љубовта“ – Алан де Ботон

Книга: „Огледи за љубовта“ – Алан де Ботон

2-kniga-ogledi-za-ljubovta-alan-de-boton-kafepauza.mkАлан де Ботон е писател и филозоф, роден во Цирих, кој живее и работи во Лондон. Неговиот прв роман „Огледи за љубовта“, објавен во 1993-та година, изобилува со извонредни ставови за љубовта, филозофски размисли типични за естетиката, ироничен хумор и префинет, чист јазик.

Со својата одлична смисла за структура, де Ботон создава текст, прецизно поделен во параграфи, кои тематски и содржински совршено се поклопуваат, а истовремено го прават романот многу полесен и поразбирлив за читање.

 
 
 


Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ


На „судбинскиот“ лет Париз-Лондон раскажувачот се запознава со шармантната сопатничка Клои и додека да пристигнат до подвижната лента за подигнување на багажот – тој веќе е вљубен во неа. Оттука авторот ја прави рамката за претставување на своите филозофски гледишта и огледи за љубовта. Користејќи рационален, на моменти груб, а сепак лесен и забавен јазик, тој го следи и го коментира заплетот на оваа љубовна приказна – од почетниот делириум на привлечноста до длабочините на очајот и сите „терористички“ тактики кон кои прибегнуваат љубовниците кога саканиот ќе почне да се оддалечува.

Иако ставена во рамка на конкретна љубовна приказна, авторот во раскажувањето умее доволно да се дистанцира за да случувањата на Клои и нараторот бидат видени од еден поопшт и генерализиран аспект. Проткаен со длабоки размисли на многу познати филозофи и уметници, зачинет со ироничен хумор и духовити дијаграми, „Огледи за љубовта“ во име на сите нас ги преиспитува занесот и болката на љубовта, заокружувајќи ја целата приказна со необично оптимистички крај.

1-kniga-ogledi-za-ljubovta-alan-de-boton-kafepauza.mk

Сета филозофија, литература, конкретното и генералното, се сублимирани во последното поглавје на љубовните поуки. Во тие утопистички мечтаења за љубовта, авторот не е сам. Друштво му прават претставниците на романтичниот позитивизам, кои веруваат дека со доволно размислување и терапија, љубовта може да се претвори во помалку болно, па дури и здраво искуство, наспроти стоицизмот, чија водечка мудрост е никогаш да не се вљубиш повторно.

Покажувајќи се како несоодветни одговори за проблемите што ги носат маките на љубовта, нараторот решава да извлече една посложена поука, што ќе може да се справи со инкомпатибилностите на љубовта, да ја усогласи потребата за мудрост со нејзината веројатна неможност, идиотизмот на вљубеноста со нејзината неизбежност. Тој вели дека љубовта мора да се почитува без прибегнување кон догматски оптимизам или песимизам, без да се заснова филозофија врз нечии стравови или моралност врз нечии разочарувања. Оттука, заклучува:

„Таквите поуки ми стануваа се порелевантни кога Рејчел ми ја прифати поканата да одиме на вечера идната недела, а самата помисла на неа почна да ми буди трепети во пределот што поетите го нарекуваат срце, трепети што знаев дека можат да значат само едно – дека повторно почнав да се вљубувам“.

Духовито, забавно и софистицирано четиво. „Огледи за љубовта“ претставува задолжителна лектира за среќно вљубените, разочараните, како и за оние кои сè уште се во потрага по љубовта.

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 27 август 2014.

Добитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.

Наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

  1. Татјана Попантоска Reply

    #СакамКнигаОдТРИ

  2. Елена Reply

    Зошто сеуште не се објавени добитниците на книгата? 🙂

    • Кафе пауза Reply

      Малку го продолживме времето. 🙂 Сега се објавени.

  3. mm Reply

    koi se dobinicite? 🙂

    • Кафе пауза Reply

      @japonceee од Твитер и Марија Катралова Китанов од Фејсбук.

Остави коментар