Книга: Новите правила на маркетингот и на односите со јавност – Дејвид Мирман Скот

Книга: „Новите правила на маркетингот и на односите со јавност“ – Дејвид Мирман Скот

(1) kniga-novite-pravila-na-marketingot-i-odnosite-so-javnost-dejvid-mirman-skot-kafepauza.mkОние кои барем малку се заинтересирани за маркетингот како моќен процес на комуницирање со купувачите веќе се запознаени со фактот дека Интернетот ги измени правилата неповратно. А оние кои работат во полето, веќе ги користат овие правила за да ги претркаат конкурентите. Дејвид Мирман Скот го нарекуваат стратег на онлајн-визионерството и е дефинитивно еден од најценетите маркетинг консултанти во светот, особено кога станува збор за пионерски стратегии кои им пркосат на традиционалните. Неговата книга „Новите правила на маркетингот и на односите со јавност“ е на некој начин збирка од сите совети и насоки кои ги споделува години наназад на неговиот добро прочуен блог и за многумина токму оваа книга преставува совршен водич за секој амбициозен маркетиншки професионалец.


Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ


Книгата опфаќа сè од старите правила на маркетингот и причините зошто не се применливи во новите околности, па до новите правила кога станува збор за користење социјални медиуми, блогови, соопштенија за јавноста, онлајн соби за медиуми и многу повеќе. Покрај делот посветен на старите vs. новите правила, Скот посветува значаен дел на интернетските комуникации за директно обраќање на купувачите како и на развивање акционен план за искористување на моќта на новите правила. Низ точно 270 страници раскажување во лесен, блогерски стил, со свежи примери кои многу лесно ќе ги препознавате и подоцна кога ќе ги среќавате во пракса, Скот ви нуди книга која ќе ве натера да се почувствувате како вистински маркетинг гуру.

(2) kniga-novite-pravila-na-marketingot-i-odnosite-so-javnost-dejvid-mirman-skot-kafepauza.mk

Без разлика дали сте посветени следбеници на сите можни социјални мрежи или пак сте претприемач кој се бори за поголемо парче од пазарот сигурно ќе наидете на дел кој особено ве интересира и во кој се пронаоѓате. Одбрав некои од моите најомилени совети, чисто да ви измамам слатко-горко исчекување додека не се најде во вашите раце.

„Содржината е она што на организациите може да им ја обезбеди веродостојната и лојалноста на купувачите, па денес, умните маркетиншки експерти размислуваат и се однесуваат како издавачи со цел да создадат и да испорачаат содржина насочена директно кон нивната публика.“

„Во веќе подостарениот интернетски свет на безброј телевизиски станици, на Јутјуб, Тиво и на блогови, трошењето многу пари на реклами е слично на нарачувањето портрет во деветнаесеттиот век – можеби ќе се чувствувате добро заради тоа, но дали сте заработиле нешто?“

„Наместо да насочувате големи буџети кон поедноставени телевизиски реклами чија цел е да им кажат нешто на масите, па така, всушност, никому и не се обраќаат, мораме да размислиме кои се пораките што би сакала да ги слушне публиката од нашиот пазарен сектор.“

„Кога имате ексклузивни вести, пласирајте ги вирално. Виралниот маркетинг – да се наведат другите наместо вас понатаму да ја шират приказната – е еден од највозбудливите и најмоќни начини за стигнување до целната публика.“


Покрај советите, живото раскажување и примерите кои навистина ќе ви се врежат во сеќавање, она што прво ми го привлече вниманието е што многу од оние „стари правила“ на маркетингот ги препознав во нашето медиумско опкружување и сигурна сум дека нема незабележано да се провлечат ниту кај вас. Книгата е напишана во 2011 година и за оние коишто мислат дека „новите правила“ се веќе застарени, според мене, во Македонија има уште многу простор за нивна примена.

За крај, доколку не можете да се решите дали е оваа книга вистинското четиво за вас, Дејвид Мирман Скот има едноставна препорака:

„Доколку сте како милионите умни маркетиншки експерти чија цел е директната комуникација со купувачите, продолжете да читате. Доколку настојувате својата организација да ја направите повидлива на Интернет, продолжете со читањето. Доколку сакате да ги вовлечете луѓето во продажниот процес на вашата компанија за да купат навистина нешто, продолжете да читате.“


Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 19 февруари 2014.

Добитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.

Наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

  1. slagjana trkaleska-spasenovska Reply

    dali moze tuka da apliciram za knigata
    #СакамКнигаОдТРИ Slagjana T.Spasenovska

  2. Анастасија Јовева Reply

    СакамКнигаОдТРИ

Остави коментар