Книга на неделата: „Филозофијата на одењето“

Книга на неделата: „Филозофијата на одењето“

„Ајде да размислуваме додека одиме и да одиме додека размислуваме“. Со оваа реченица, Фредерик Грос, познат француски филозоф и мислител, голем обожавател на шетање и лутање во природа, на едно место во својата книга „Филозофијата на одењето“ ги поврзува размислувањето и одењето – овие две најприродни човечки активности.

Книга на неделата: „Филозофијата на одењето“

Одењето отсекогаш имало многу приврзаници кои ги препознаваат неговите придобивки: релаксација од напнатост, чувство на исполнетост и среќа, ослободување на имагинацијата, задоволство од поврзувањето со природата. Во низа филозофски медитации, исполнети со мудри и често духовити набљудувања, потпирајќи се на искуствата на познатите мислители кои уживале во долгите прошетки – Ниче, Русо, Торо, Кант, Рембо, Ганди – Фредерик Грос гледа на различни начини на одење како форми на филозофски чин и духовно искуство: од обични прошетки и лутања низ градот или природата до аџилак, патување и протест.

Дали е подобро да се шета сам или во друштво? Што ни треба додека одиме? И дали воопшто знаеме зошто одиме? Ова е токму она што оваа забавна книга се обидува да го објасни.

Ако обожавате психолошки трилери тогаш оваа книга ќе ја прочитате во еден здив!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар