Книга: „Испреплетена со тебе“ – Сивлија Деј

Книга: „Испреплетена со тебе“ – Сивлија Деј

Жешко е и врие… во третиот дел од серијалот Кросфајр.
1-kniga-isprepletena-so-tebe-silvija-dej-kafepauza.mkНаша оцена: 7/10
Ваша оцена: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (8 гласа, просек: 9,38 од 10)
Loading...

Мало потсетување: и ова е рецензија за возрасни. 🙂 После „Соголена пред тебе“ и „Огледана во тебе“, следува „Испреплетена со тебе“. И овој, трет дел од серијалот Кросфајр ќе ви го даде токму она што се очекува од еден жежок, еротски роман. Обично не сакам да ги оставам работите незавршени, па после прочитот и рецензирањето на првите два дела, не можев да седам мирна додека во раце не ми падна и третиот дел.

Да се разбереме, не сум литературен сноб, па како што и претходно сум рекла, еротиката во литературата е добредојдена, сè додека е квалитетно доловена. Иако често споредувана со „50 нијанси на сиво“, Силвија Деј успеала да ги купи читателите со оваа жешка идеја, така што третиот дел од книгата се продал во над 30 милиони примероци само во англиското говорно подрачје. Па, кажете што сакате, ама јас ѝ симнувам капа.


Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ


За оние кои не се запознаени со страсната, опсесивна и жешка љубовна врска меѓу Ева и Гидион, ајде накратко да кажеме збор-два. Животите на Ева и Гидион навидум се совршени. Таа е прекрасна 24-годиша девојка со богата мајка и очув, која живее во луксузен стан на Менхетен, заедно со својот пријател, бисексуалецот Кери. Има добра работа, прекрасно тело и дечко тајкун пред кого на сите им се тресат колената. Тој е подготвен да направи сè за неа – дури и да убие, како што тоа го докажа во вториот дел.

Гидион е бог на сексот (како што Ева милува да го опише), висок, згоден, од него „вришти“ секс, поседува голем дел од Њујорк иако уште не е во своите 30-ти. Но, и двајцата имаат болно минато, демони од минатото кои ги следат и од кои е тешко да се ослободат. И двајцата се борат да успеат и покрај сè. Но, нивното проблематично детство, опсесивната љубомора и желбата да се поседува другиот, се ставени во втор план. Местото под осветлениот рефлектор го имаат жешките секс сцени.

2-kniga-isprepletena-so-tebe-silvija-dej-kafepauza.mk

Зошто реков дека ѝ симнувам капа на Деј? Затоа што, како прво, знае што „работи“ кај публиката и токму тоа го направи, второ, за да се напише нешто вакво (а да се разбереме, не планира тука да запре, најверојатно ќе има и 4-ти дел), треба огромна храброст. Деј без влакна на јазикот ја опишува жената како сексуално суштество, исто како и мажот, иако женската сексуалност е табу тема дури и во 21-от век. И трето, да бидеме искрени, ни малку не е лесно да се опише сето тоа со зборови без да звучи евтино и глупаво. И секако, да не заборавам, читајќи го третиот дел мислам дека најмногу размислував за преведувачката на книгава, која исто така имала огромна храброст и мора да му се даде значење на добриот превод. Знаеме колку може да биде тешко да се најдат изрази на македонски бидејќи јазикот не ни е толку слободен и не се расфрламе баш со секс изрази при пишувањето. Реално, овие двајца имаат секс каде ќе стигнат, кога сакаат и како што сакаат, се расфрлаат со оргазми, а писателката воопшто не нè поштедува од детали.

Што се однесува до самата книга, сфатив дека всушност овие двајца не зборуваат, сè што знаат е добар секс. Комуникацијата во оваа врска е сведена на оскудно ниво, што мене лично ми пречи. Плус, многу е нереална. Наречете ме скептик ама не, не мислам дека овој њујоршки тајкун (кога реално би постоел, иако голем прашалник е како се стекнал со толкаво богатство пред да наполни 30), би се врзал само за една единствена жена. Па така, драги мои дами, иако можеби немате дечковци кои се маратонци во секс, ќе уживате во овој еротски роман. Сепак, доаѓа зима, ладно е, ноќите се сè подолги а може да бидат и здодевни, па затоа (не топло, туку жешко) ќе ви го препорачам и третиот дел од сагата за Ева и Гидион.

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 17 декември 2014.

Добитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.

Наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар