Книга: „Да се сака со отворени очи“ – Хорхе Букај
Нели целта е да најдеш личност со која зборувате на ист јазик, која умее да ги преточи во зборови твоите мисли и со која ќе посакаш да го изградиш својот пат до дома?
Поради долгогодишното искуство како психотерапевт, Хорхе Букај стои потпишан на повеќе бестселери кои ќе ви помогнат да ја пронајдете сржта на љубовта. Сумирајќи го своето искуство со љубовните парови, Букај на некој начин составува еден љубовен прирачник. Овој пат дозволете му да ве научи дека е вистински предизвик да се сака. Тоа е процес кој не е лесен, но е една од најубавите работи кои ни се случуваат во животот.
„Кога човек ќе се заљуби, всушност, тој не го гледа другиот во неговата севкупност, туку тој другиот изгледа како платно на кое заљубениот ги проектира своите идеализирани аспекти.“
Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ
Во електронското сандаче на Роберто, млад експерт за маркетинг, почнуваат да пристигнуваат мејлови наменети за некој Фреди. На почетокот ги брише и игнорира, за подоцна истите да го задржат неговото внимание и да го натераат да се вплетка во една примамлива игра.
Психотерапевтот Лаура всушност му испраќа мејлови на нејзиниот колега Фреди со кого заедно работат на книга. Заплетот започнува кога Роберто, не можејќи да одолее на љубопитноста, сфаќа дека на некој интересен начин, проблемите во неговата сегашна, како и во неговите претходни врски, совршено се совпаѓаат со она што Лаура го вели. Така тој не само што почнува да ги преиспитува своите искуства во љубовта туку одлучува сосем слободно да се вмеша во нивната комуникација искористувајќи ја таа важна погодност на интернетот – можноста да го сокрие својот вистински идентитет.
„Лаура зборуваше со неговиот јазик, со неговите идеи, речиси со неговите чувства. Таа го преточи во зборови она што тој сакаше да го каже.“
„Љубов како благосостојба што ги обзема телото и душата и која јакне кога можам да го видам другиот без да сакам да го променам.“
Оваа книга ќе ве поттикне да размислувате на многу теми. Ќе се почувствувате како просто да добивате бесплатни совети за љубовта. Ќе имате можност да ги согледате ситуациите од повеќе гледишта и да се ставите во онаа улога кој вам најмногу ви одговара. Книгата опфаќа модерни теми како улогата на интернетот во животот на модерниот човек, разликата меѓу чувствата и страста, почетна заљубеност наспроти љубов и сл. Доколку сакате „свежо исцедени“ филозофии на темата „љубов“, оваа книга е вистинскиот избор за вас.
„Губење време…, си рече. Како можеш да изгубиш нешто што не може да се поседува? Како можеш да зачуваш нешто што не може да се задржи? Кога би можел да избирам… Што би правел да имам 20 минути вишок?
Се насмевна.
Би било добро да ги вложам во чекање на саканата личност.“
За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 18 декември 2013.
Добитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест.
Наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.
#СакамКнигаОдТРИ
fina sodrzina,za najpopularnata tema vo svetot”ljubov” i normalno privlejuva dosta vnimanie za da izgorish od zelba da ja pro4itash 🙂
#СакамКнигаОдТРИ
#СакамКнигаОдТри