„Ќерката на часовничарот“: Нов роман кој сигурно ќе го прочитате во еден здив!
Во романот „Ќерката на часовничарот“ од Кејт Мортон, што е едно од најпријатните изненадувања годинава, заплетот го раскажуваат неколку наратори одделени со времето. Тоа е приказна за убиство, тајна, кражба, уметност, љубов и загуба. Низ неговите страници, како река тече гласот на жена која е над времето, чие име минатото го заборави, но таа гледаше како се развиваат работите. Тоа е Бирди Бел – ќерката на часовничарот.
Летото 1862 година, група млади уметници предводени од страсниот Едвард Редклиф, дојдоа во Берчвуд на бреговите на Темза. Нивниот план е да го поминат летото на креативен начин. Но, наместо тоа, една жена е застрелана, друга исчезнува заедно со непроценливо наследство и животот на Едвард Редклиф е уништен. Во 2017 година, Елоди Винслоу, млада архивистка во Лондон, пронаоѓа торба во која имало фотографија на жена во викторијанска облека и цртежи од куќа во Берчвуд. Зошто е толку позната таа куќа? Која е убавата жена на таа фотографија? И кои тајни се кријат таму?
Погледнете ја оваа книга со фасцинантна криминална приказна која мора да ја прочитате.