6 книги кои ќе ја ви зголемат самодовербата и ќе го сменат вашиот видик кон светот

6 книги кои ќе ја ви зголемат самодовербата и ќе го сменат вашиот видик кон светот

Автор: Моника Димитровска

Доколку сте љубители на книгите, а истовремено чувствувате пад на нивото на вашата самодоверба и потребна ви е помош за таа да се врати во форма, овие се вистинските книги кои треба да ги прочитате во моментот.

6 книги кои ќе ја зголемат вашата самодоверба и ќе го сменат вашиот видик кон светот

1. „Моќта на потсвеста“ – Џозеф Марфи

Книгата која има моќ да го промени вашиот живот. Стана популарна и применувана откако се докажа дека навистина нашиот живот зависи од нашите мисли – доколку тие се позитивни, ќе ни се случуваат позитивни работи, а доколку се негативни ќе имаме депресивно расположение и многу непријатни, негативни случки како резултат на нашата потсвест.

2. „Алхемичарот“ – Пауло Коелјо

Најпродаваниот бестселер во светот од жив автор. Многу поучна книга која го раскажува авантуристичкиот живот на младиот овчар Сантијаго кој во потрага по богатство, нови искуства и запознавање на нови светови ќе замине од својата земја, а на крајот ќе сфати дека… Нека остане тајна додека ја прочитате.

3. „1 минута за себе“ – Спенсер Џонсон

Во оваа приказна, д-р Спенсер Џонсон открива едноставен, лесен начин да го извадите максимумот од себе. Со користењето на неговите докажани совети од една минута вие можете:

  • Да ја подобрите грижата за себе и да ги охрабри другите да го сторат истото
  • Да го намалите стресот на работа и дома
  • Да уживате во чувството на мир и рамнотежа
  • Да постигнете поголем професионален и личен успех

Животот се живее од минута во минута. Со практичната мудрост која ги карактеризира сите негови книги, д-р Џонсон покажува како запирањето за миг и земањето една минута од денот, може да го направи животот пријатен за вас и за оние во вашата близина.

4. „Кој го здипли моето сирење?“ – Спенсер Џонсон

Слична на „1 минута за себе“, оваа книга ќе ве научи како да ги гледате ризиците во одлуките кои ги носите и ќе ви покаже како полесно да станете имуни на промени доколку ризикот не ви се исплати.

5. „17 правила за правилен живот“ – Ог Мандино

Правилата кои сите ние секојдневно ги прекршуваме, а се поврзани со нашиот карактер, темперамент, размислување и однесување кон другите луѓе, а и кон себе… Вреди да се прочитаат.

6. „Вероника реши да умре“ – Пауло Коелјо

Девојката имаше сè. Пари, работа, пријатели, семејство, но, сепак не беше среќна. Ништо не можеше да ја пополни празнината која таа ја чувствуваше во своето срце. Еден ден реши да се самоубие, но беше навреме спасена и сместена во лудница. Дознајте што се случува понатаму откако ќе ја прочитате. Книгата ќе ве научи да го цените животот и да ги видите сите убавини кои тој ви го нуди, така што читајќи ја, постојано ќе се ставате на местото на Вероника.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. ivan Reply

    Zosto ne stavite nekoja kniga od makedonski avtor, kako na primer knigite na Niche Dimovski koi sum siguren deka ke im se dopadnat na site…

  2. Билјана Reply

    Ниче Димовски е милион пати подобар од Џозеф Марфи, едноставно Џозеф е како еден слаб ученик кој учел ама не доучил , за разлика од Ниче Димовски . Ама кај нас никогаш не се цени она што го имаме дома, особено па да се оддели простор во било кој медиум за македонски автор би било чудо. Како и да е откако ги прочитав книгите од Ниче Најголемата вистинска тајна на светот, Вистината за вечсноста и прирачникот за среќа Нанониче метод на законот на вистината, целосно ми се смени животот и сега секојдневно го добивам сето она што го сакам.

  3. Vanessa Reply

    Se trash literatura…. Komercijalno sranje od tipot mizi da te lazam! Daleku od toa deka ova se knigite sto ke vi go smenat zivotot…osven ako zivotot vi e stvarno mnogu plitok

  4. emi Reply

    Edinstveno onie na Пауло Коелјо vredat…. a za prethodnio komentar ako knigite na koelo se plitki ili ne si procitala nis od nego ili ne si gi razbrala

  5. Vesna Velkoska Reply

    Nekako Gi nabaviv knigite Dali moze nekoj da mi kazi kako Se Po red od koja da pocnaa da citam broj 1 I ostanatite po red blagodaram odnapred Vesna

Остави коментар