21 книга што секој тинејџер треба да ја прочита - Part 3

21 книга што секој тинејџер треба да ја прочита

15. „Аутсајдери“ – С. Е. Хинтон (The Outsiders)

21 книга што секој тинејџер треба да ја прочита

Прв пат издадена во 1967-ма година, оваа новела е за еден тинејџер кој со неговите браќа и пријатели се обидува да успее во светот без привилегии или помош од возрасните.

16. „Нивните очи го гледаа Бог“ – Зора Нил Харстон (Their Eyes Were Watching God)

21 книга што секој тинејџер треба да ја прочита

Сместена во централна и јужна Флорида во 1930-тите, оваа новела е за млада девојка по име Џени и се смета за афро-американска и женска литература.

17. „Клубот среќа“ – Ејми Тан (The Joy Luck Club)

21 книга што секој тинејџер треба да ја прочита

Четворица кинески семејства во Сан Франциско почнуваат група за играње игри, а секој дел од приказната се фокусира на трите мајки и четирите ќерки од клубот.

18. „Оди и кажи ѝ го тоа на планината“ – Џејмс Болдвин (Go Tell It On the Mountain)

21 книга што секој тинејџер треба да ја прочита

Автобиографската новела од 1953-та година е приказна за Џон Грајмс, паметен тинејџер во Харлем во 1930-тите, и неговата врска со семејството и неговата црква.

19. „Ловец на змејови“ – Калед Хосеини (The Kite Runner)

21 книга што секој тинејџер треба да ја прочита

Сместена во последните денови на монархијата во Авганистан, ова е приказна за чудното пријателство помеѓу едно богато момче и синот на неговиот слуга.

20. „Домот за необични деца на госпоѓица Перегрин“ – Ренсом Ригс (Miss Peregrine’s Home for Peculiar Children)

21 книга што секој тинејџер треба да ја прочита

Мрачната фантазија за младото момче кое патува низ времето и наоѓа дом за деца со необични моќи е навистина популарна денес. Вреди да го изгледате и истоимениот филм.

21. „И сонцето е ѕвезда“ – Никола Јун (The Sun is Also a Star)

21 книга што секој тинејџер треба да ја прочита

Даниел е корејско момче кое сака повеќе од животот што го планирале неговите родители. Наташа е девојка од Јамајка која се плаши дека ќе ѝ го депортираат семејството. Еден ден во Њујорк тие се сретнуваат и се вљубуваат еден во друг.

Погледнете ги и книгите што треба да ги прочита секоја жена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар