21 книга што секој тинејџер треба да ја прочита
Книгите што ги читаме во тинејџерските години имаат потенцијал да нè оформат како возрасни личности. Овие книги ќе им помогнат на сите денешни тинејџери да станат најдобрата верзија од себе.
1. „Јас сум Малала“ – Малала Јусфзаи (I Am Malala)
Мемоарите на 20-годишната добитничка на Нобелова награда треба да бидат задолжително четиво за секоја млада личност. Ова е инспиративна приказна за тоа како секој може да го промени светот со доволно страст и труд.
2. „Знам зошто пее птицата во кафезот“ – Маја Анџелоу (I Know Why the Caged Bird Sings)
Автобиографијата од 1961-ва година покажува како љубовта кон литературата може да ви помогне да надминете речиси сè. Ова е одличен потсетник за тинејџерите кои повеќе го сакаат Инстаграм од книгите.
3. „Персеполис“ – Маржан Сатрапи (Persepolis)
Оваа графичка новела го прикажува созревањето на Сатрапи во Иран за време на и по исламската револуција во доцните 1970-ти и раните 1980-ти. Мрачно смешно и трагично тажно, ова дело ви дава увид за тоа колку различен може да биде животот на тинејџерите низ целиот свет.
4. „Ноќ“ – Ели Визел (Night)
Во оваа книга за Холокаустот, Визел на само 100 страници го раскажува своето искуство со неговиот татко во концентрационите логори во средината на 1940-тите.
5. „Сите треба да бидеме феминистки“ – Чимаманда Нгози Адичи (We Should All Be Feminists)
Оваа кратка книга е адаптирана од TED говорот на Адичи од 2012-та година. Таа нуди уникатна дефиниција за феминизмот на 21-виот век чија основа е свесноста.
6. „Помеѓу светот и мене“ – Та-Нехиси Коутс (Between the World and Me)
Ова дело е напишано како писмо до синот тинејџер на авторот. Ја истражува реалноста за тоа како изгледа да бидете црнец во САД.
7. „Чудна случка во ноќта“ – Марк Хадон (The Curious Incident of the Dog In the Night-time)
Оваа новела од 2003-та година е за 15-годишниот Кристофер кој ја истражува сомнителната смрт на кучето на соседот. Иако читателите сметаат дека Кристофер има некој вид аутизам, авторот изјавил дека ова не е книга за аутизам туку за разликата, за тоа да се биде „аутсајдер“ и за гледање на светот на нов начин.
Продолжува на следната страница…