18 книги кои треба да ги прочитате пред да излезат филмовите кои се базирани врз нив
7. Пред да те сретнам тебе (Me Before You) – Џоџо Мојес
Вил Трејнор е светски патник и вљубеник во екстремните спортови, но тој станува мрачен и напорен човек откако ќе доживее несреќа при што рацете и нозете ќе му станат неподвижни. Луиза е нормална девојка која ја губи својата работа во кафулето и така ја добива привремената позиција како асистент на Вил. Најпрво се мразат меѓусебно, но како што минува времето, така расте и нивното пријателство и почнуваат да си помагаат на невообичаени начини.
8. Следбеници (Allegiant) – Вероника Рот
Третото продолжение од успешната трилогија „Divergent“, ја продолжува приказната на Трис Прајор и ни покажува што се крие зад портите од затвореното и контролирано општество.
9. Книга за џунглата (The Jungle Book) – Радјард Киплинг
Сирачето по име Могли, израснато од глутница волци, се спријателува со мечката Балу и црниот пантер Багира. Оваа класична приказна се очекува да привлече големо внимание, особено ако се знае актерската екипа која ќе глуми во екранизацијата.
10. Низ огледалото (Through the Looking-Glass) – Луис Карол
Во продолжението на „Алиса во земјата на чудата“, таа се наоѓа во превртен свет, во кој се влегува преку огледалото над нејзиниот камин. Алиса се наоѓа во ексцентрична земја со живи шаховски фигури и чудни чудовишта. Џони Деп е повторно во својата улога на Лудиот Шапкар, додека Миа Вашиковска продолжува во улогата на Алиса.
11. Големиот добар џин (The BFG) – Роалд Дал
Дејствието се случува во Лондон и ни ја раскажува замислената приказна за едно мало девојче по име Софи и Џинот кој ја запознава со чудата и опасностите во Џиновската Земја. Филмот е во продукција на Дизни, а под режисерската палка на Стивен Спилберг.
12. Тарзан меѓу мајмуните (Tarzan of the Apes) – Едгар Рајс Бароуз
Станува збор за нова верзија на класичната приказна за човекот кој е израснат од мајмуни откако неговите родители починале во џунгла во Африка. Александар Скарсгард ќе ја толкува улогата на Тарзан.