15-те најпопуларни божиќни книги според корисниците на Гудридс
Секој си има нивни традиции за претстојните празници. Некои украсуваат елка, други прават колачиња, а трети не можат да ги замислат празниците без празничните книги. Ако барате приказна која ќе ве стопли во овие ладни денови, погледнете ги омилените божиќни книги на корисниците на Гудридс.
1. „Божиќна приказна“ – Чарлс Дикенс (А Christmas Carol)
Веројатно не треба да бидете изненадени што класичната приказна на Дикенс се наоѓа на врвот на листата. Оваа книга ги прослави некои од најпознатите божиќни традиции, па празниците не се целосни ако не ја прочитате.
2. „Како Гринчот го украде Божиќ!“ – Доктор Сус (How the Grinch Stole Christmas!)
Без разлика дали се претворате во „Гринч“ за време на празниците или не, оваа книга за деца ќе ви помогне да ја почувствувате божиќната атмосфера. Исполнета со забавна рима, слатко животно во споредна улога и цело село совршени деца, ова е најдоброто семејно четиво за оваа сезона.
3. „Поларниот воз“ – Крис Ван Алсбург (The Polar Express)
Оваа прекрасна сликовница ги носи читателите во посета на Дедо Мраз и неговите ирваси на Северниот пол. Како и секоја добра празнична приказна, и оваа е полна со авантури, возбуда и магија.
4. „Ноќта пред Божиќ“ – Клемент К. Мур (The Night Before Christmas)
Сигурно ја знаете приказната и знаете дека Божиќ не е Божиќ без ремек-делото на Мур. Оваа поема е за магичната посета на Свети Никола на едно семејство.
5. „Нека снежи“ – Џон Грин, Морин Џонсон и Лорин Миракл (Let It Snow)
Во оваа модерна празнична приказна, писателите за млади им даваат на читателите три приказни за љубовта, романсата и бакнувањето во снегот. Без разлика колку е студено, оваа колекција ќе ви го стопли срцето.
Продолжува на следната страница…