15 историски биографии за некои од најинтересните луѓе од минатото
Сите луѓе што се запознаени со добри биографии знаат дека историјата нуди многу авантури, пресврти и предавства, понекогаш дури и подобри од фикција. Сепак, и самата фикција е заснована на реалноста. Минатото понекогаш било навистина чудно, а благодарение на овие дела можете да сведочите на него од прва рака.
1. „Лусил: Животот на Лусил Бол“ – Кејтлин Бреди (Lucille: The Life оf Lucille Ball)
Лусил Бол била повеќе од само смешно лице на телевизија. Оваа биографија ќе ве запознае со многу страни од неа коишто никогаш не ги покажала во јавноста.
2. „Грант“ – Рон Черноу (Grant)
Прикажувајќи го како многу повеќе од пијаницата и тиранин за којшто сите мислеле дека e, Рон напишал одлична биографија за Јулисиз С. Грант.
3. „Автобиографијата на Малком Екс“ – Алекс Халеј (The Autobiography оf Malcolm X)
Како една од најпознатите биографии што постојат, автобиографијата на Малколм Екс е задолжително четиво за секој којшто сака да добива информации за минатото од прва рака.
4. „Вилијам Волас: Храбро срце“ – Џејмс Мекеј (William Wallace: Brave Heart)
Со книгата на Џејмс ќе ги научите сите интересни детали за Вилијам Волас што продуцентите ги изоставиле во познатиот филм.
5. „Целосна услуга: Моите авантури во Холивуд и тајните секс животи на ѕвездите“ – Скоти Бауерс (Full Service: My Adventures in Hollywood and the Secret Sex Lives of the Stars)
Скоти Бауерс им помагал на класичните холивудски ѕвезди да си најдат партнер, а во книгата ја раскажува целосната приказна за неговите авантури помеѓу елитата во шоу бизнисот.
Продолжува на следната страница…