14-те најпопуларни книги во 2015 за кои сите зборуваат
ФАНТАЗИЈА И НАУЧНА ФАНТАСТИКА
9. Потемна нијанса на магијата (A darker shade of magic) – В. Е. Шваб
Кел е еден од оние ретки волшебници пред исчезнување кој одлучува да го истражува паралелниот универзум. Неговиот Лондон е Црвениот Лондон каде тој се однесува како амбасадор и како принц. Но, кога ќе започне бизнис во кој ги шверцува посетителите во светови кои се надвор од нивниот дофат, тој завршува како бегалец баран за предавство.
10. Предупредување пред старт: Кратки вознемирувачки приказни (Trigger Warning: Short Fictions and Disturbances) – Нил Гејман
Оваа колекција се состои од кратки раскази за духови и самовили, паранормалното, фантастичното и страшното. А дури вклучува и приказна за доктор Ху.
ИСТОРИСКА ЛИТЕРАТУРА
11. Кралица на бунтот (Rebel queen) – Мишел Моран
Мишел Моран се осврнува на Индија за време на британската инвазија во 1850-тите, особено на отпорот од кралицата Лакшми, целосно формиран од жени во кралството на Џанси. Приказната е сконцентрирана на главниот лик Сита, една од чуварките на Лакшми која е сведок на бестрашниот хероизам на жена која одбива да ја предаде нејзината моќ.
12. Славејот (The Nightingale) – Кристин Хана
Во Франција во 1939 година, Виан Моријак го испраќа нејзиниот маж во војна. Кога нацистите доаѓаат во нејзиното село, а набрзо и во нејзината куќа, таа мора да открие како да преживее и да се оттргне себеси и нејзиниот син од нивните злобни канџи. Во меѓувреме, нејзината помлада сестра, чие срце неодамна било скршено, е решена да го жртвува својот живот и да се придружи на Отпорот.