14 интересни факти за познати книги
Секоја книга има некоја тајна или нераскажана приказна зад неа. Ако некои од нив не сте ги чуле, не значи дека не постојат, па затоа и решивме да споделиме дел од тие тајни со вас. Љубители на пишаниот збор, уживајте!
1. Доколку мислевте дека читањето детективски романи нема да ви подари некое знаење, приказната за „Белиот коњ“ (The Pale Horse) од Агата Кристи ќе ве убеди во спротивното. Деталниот опис на труењето со талиум напишано од авторката која всушност работела во болница, спасил вистински животи. Во 1977 година, во Лондон, некое девојче страдало од непозната болест која докторите не можеле да ја идентификуваат. Медицинска сестра, која потем била обожавател на детективски приказни, сфатила дека симптомите на девојчето се слични како оние со труење од талиум опишани во книгата. Со ова знаење, докторите успеале да го спасат животот на девојчето.
2. Насловот на познатиот дистописки роман на Реј Бредбери, „Фаренхајт 451“ (Fahrenheit 451), се верува дека е одбран од фактот дека хартијата почнува да гори на оваа температура. Ова е делумно вистина, хартијата се запалува на 451 степен, но на Целзиусовата скала. Авторот подоцна дал објаснување дека мешањето на скалите за температура било невина грешка – специјалист за безбедност од оган со кој Бредбери се консултирал, ги помешал Целзиусовата и Фаренхајтовата скала и му дал погрешни податоци.
3. Фразата „ Два плус два е пет“ е значително присутна во седмата глава во Орвеловата книга „1984“. Се верува дека нејзиното потекло е од идејата на Советскиот Сојуз да постигне економски пораст за само 4 години, почнувајќи од 1928.
4. Барбара Ремингтон, американска уметничка, била задолжена да ја дизајнира корицата на „Хобитот“ (The Hobbit) и „Господар на прстените“ (Lord of the Rings) за изданието во 1965. Бидејќи немала време да ги прочита, на корицата на книгата може да се забележат жаба, гуштер, два ноја и нешто што наликува на дрво со розови светилки на врвот. Добре дојдовте во Средната Земја!
5. Лав Толстој станал скептичен во врска со неговото најпознато дело „Војна и мир“ (War and Peace). Во јануари, 1987 година, тој му испратил писмо на неговиот пријател во кое изјавил: „Колку сум среќен… што никогаш повеќе нема да напишам такво опширно ѓубре како Војна и мир“.
6. Џ. К. Роулинг ја завршила „Хари Потер и каменот на мудроста“ (Harry Potter and the Sorcerer’s Stone) во 1995. Текстот бил испратен на дванаесет издавачки куќи и бил одбиен од сите. Една година подоцна книгата била одобрена од уредникот Бери Канингхам, во издавачка куќа во Лондон. Иако се согласиле да ја издадат книгата, Канингхам ја советувал Роулинг да си најде и друга работа бидејќи нема да заработи пишувајќи книги за деца.
7. Виктор Иго бил на одмор кога неговата книга „Клетници“ (Les Miserables) била издадена во 1862. Бидејќи бил љубопитен за реакциите од читателите, на неговиот издавач му испратил телеграма со само еден знак – „?“. Издавачот му одговорил на ист начин, „!“ – укажувајќи на успехот на книгата. Ова веројатно било најкраткото кореспондирање во историјата.
8. Измислената пиратска песна од „Островот со скриеното богатство“ (Treasure Island) од Роберт Луис Стивенсон е со овие стихови: „Петнаесет луѓе на ковчегот на мртовецот… о-хо-хо, и шише рум!“. Многумина веруваат дека „о-хо-хо“ се однесува на смеата на пиратите. Но, ова не е точно. Овој извик го користеле морнарите додека влечеле јажиња или работеле некоја друга тешка работа.
9. Иан Флеминг, авторот на серијалот „Џејмс Бонд“ (James Bond), почнал да го пишува она што подоцна ќе стане негова прва книга, „Казино Ројал“ (Casino Royale), во Јамајка. Флеминг наишол на книга од орнитолог со име Џејмс Бонд. Името му изгледало кратко, ни најмалку романтично, но сепак многу мажествено. Во дваесеттиот филм за овој лик, фиктивниот Бонд ја разгледува книгата од Џејмс Бонд со наслов „Птиците од Западните Инди“ (Birds of the West Indies) во една од сцените. Подоцна тој среќава една девојка и се претставува како орнитолог.
10. Марк Твен велел дека текстот за „Том Соер“ (Tom Sawyer) бил првиот напишан на машина за пишување. Истражувачи и биографи на Твен сепак тврдат дека првата книга која е целосно напишана на машина за пишување била „Живот на Мисисипи“ (Life on Mississippi).
11. Аладин, еден од главните ликови во „1001 ноќ“ (Arabian Nights) раскажана од Шехерезада, всушност бил Кинез кој живеел на улиците на Кина.
12. „Авантурите на Артур Гордон Пим“ (The Нarrative of Arthur Gordon Pym of Nantucket) од Едгар Алан По има најмалку една морничава случајност. Кога едно обично ветре се претворило во бура, само четворица од целиот екипаж на брод успеале да преживеат на мал сплав без ресурси. Луѓето решиле да влечат стапчиња за да одлучат кој ќе биде жртвуван како храна за останатите тројца. Името на несреќниот човек било Ричард Паркер. Впечатливата случајност со оваа сцена е вистински настан кој се случил во 1884, кога група од четири морнари се нашле во потполно истата ситуација како во книгата – и го изеле морнарот Ричард Паркер. Подоцна изјавиле дека никогаш не ја прочитале книгата на По.
13. Џејн Остин ја започнала познатата книга „Гордост и предрасуди“ (Pride and Prejudice) кога имала 21 година. Издавачите го одбиле нејзиното дело, па така книгата била необјавена во текот на наредните 15 години. Дури откако „Разум и чувствителност“ (Sense and Sensibility) постигнала голем успех во 1811, таа можела да го објави и своето прво дело.
14. Изненадувачки, но најпродавана книга во Велика Британија (откако почнале да ја следат продажбата на книги) е „Педесет нијанси сиво“ (Fifty Shades of Grey) со продадени 5,3 милиони копии.