13 прекрасни книги што ќе ви помогнат да станете подобри личности
8. „Родство“ – Октавија Батлер
Романот претставува генијална комбинација од историска драма и научна фантастика. 26-годишната Дена е пренесена во предвоената плантажа каде што таа го спасува животот на еден роб. Растргната помеѓу 2 света, Дејна претставува совршена метафора за распарчената врска помеѓу Америка и нејзината историја.
9. „Моби Дик“ – Херман Мелвил
Луѓето повеќе зборуваат одошто читаат за најпознатиот роман на Херман Мелвил. Книгата има што да му понуди на секој читател. Станува збор за делумно авантуристичка и делумно истражувачка приказна за природата на Бог. Романот претставува 2 спротивставени страни: Опсесивниот капетан Ахаб и нескротливиот кит чија битка е вечна и суштински човечна.
10. „Мудра крв“ – Фланери О’Конор
Ова ремек-дело на Фланери О’Конор зборува за потрагата по Бог во гротескната и проколната Америка. Авантурите на Хејзел Моутс со свештениците, измамниците и чуварот во зоолошка градина Енох Емери, кој има „мудра крв“, се заслужни за тоа што овој роман станал еден од најнезаборавните класици на 20-тиот век.
11. „Џејн Ер“ – Шарлот Бронте
Овој роман на Шарлот Бронте претставува безвременска готска приказна за гувернантата Џејн Ер, нејзината љубовна врска со Рочестер и трагичното минато што им се заканува на обајцата. Треба да го прочитате овој роман поради силата на хероината што ќе ви даде верба и храброст да го оставите минатото зад себе и да продолжите понатаму.
12. „Невидливиот човек“ – Ралф Елисон
Овој одличен роман го истражува животот на Афро-американците. Раскажувачот во книгата ги спојува Југот, Харлем, комунизмот и расните прашања на начин што ќе ги трогне сите читатели без оглед на нивното потекло.
13. „Остатоците на денот“ – Казуо Ишигуро
Казуо Ишигуро напишал роман за батлерот Стивенс кој бил сведок на неморалното однесување на неговиот работодавец, Лорд Дарлингтон, за време на Втората светска војна.
Погледнете ги и овие 6 книги кои треба да ги прочита секој духовен трагач.