13 книги за жени, напишани од жени, кои треба да ги прочитате оваа пролет - Part 4

13 книги за жени, напишани од жени, кои треба да ги прочитате оваа пролет

10. Минатото – Теса Хадли (The Past)

13 книги за жени, напишани од жени, кои треба да ги прочитате оваа пролет

Три сестри, еден брат и нивните деца се собираат на тринеделен семеен собир кој ќе им ги промени животите на сите. Под фасадата на нивното совршено минато се кријат многу тајни, скандалозни афери и опасности. Како што картите полека се отвораат, начинот на живеење на целото семејство се распаѓа, оставајќи ги читателите шокирани и збунети.

11. Девојка како тебе – Мишел Кокс (A Girl Like You)

13 книги за жени, напишани од жени, кои треба да ги прочитате оваа пролет

Во 1935-тата, откако нејзиниот татко ќе се самоубие, Хариета фон Хармон ќе мора да се грижи за својата мајка и помладите браќа и сестри. Таа се вработува и нејзината ситуација конечно започнува да се подобрува, кога еден човек ненадејно умира. Хариета се согласува да оди во Чикаго и да го истражува подземјето заедно со инспекторот Клајв Ховард. Како што тече истрагата, Клајв и Хариеата започнуваат да развиваат чувства еден за друг, но и полека да го решаваат случајот.

12. Мислење – Мишел Аделман (A Piece of Mind)

13 книги за жени, напишани од жени, кои треба да ги прочитате оваа пролет

Кога имала 3 години, Луси преживеала една лоша мозочна повреда која ја прави неспособна да се поврзе со луѓето. И покрај тоа што сега 27-годишната Луси знае сѐ за кафето, стриповите и поларните мечки од зоолошката градина, таа е неуредна, неорганизирана и не може да задржи ниедна работа. Неочекувано, нејзиниот живот се променува кога таа е принудена да живее заедно со нејзиниот помлад брат. Луси мора да се навикне на новиот живот и да открие дека можеби е посилна отколку што досега мислела.

13. Тоа што не е твое, не е твое – Хелен Ојејеми (What is Not Yours is Not Yours)

13 книги за жени, напишани од жени, кои треба да ги прочитате оваа пролет

Клучеви од домот, клучеви од срцето… Има многу видови клучеви, метафорични и буквални. Клучевите на авторката Хелен Ојејеми ги отклучуваат аспектите на животите на нејзините ликови кои водат до уште поголеми мистерии. Во оваа книга, Ојејеми спојува неколку приказни и пејзажи со цел да создаде повеќе реалности. Дали еден клуч за една врата е подарок или покана?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар