13 книги за жени, напишани од жени, кои треба да ги прочитате оваа пролет - Part 3

13 книги за жени, напишани од жени, кои треба да ги прочитате оваа пролет

7. Парчиња скршено стакло – Мишел Мејерс (Glass Shatters)

13 книги за жени, напишани од жени, кои треба да ги прочитате оваа пролет

Еден човек се буди во непозната куќа и не се сеќава на ништо. Низ куќата се наоѓаат траги за неговиот идентитет и минато. Тој открива дека се вика Чарлс Ланг и дека е научник чии жена и ќерка исчезнале пред неколку години. Како што полека открива нови работи за себе, Чарлс сфаќа дека единствениот начин на кој може да го пронајде семејството е да го реши сопствениот случај и да ја открие вистината за својот живот. „Парчиња скршено стакло“ е приказна која ги заматува границите помеѓу фиктивното и реалното.

8. Криминална магија – Ли Кели (A Criminal Magic)

13 книги за жени, напишани од жени, кои треба да ги прочитате оваа пролет

Во 1926-тата година, во Вашингтон, и покрај забраната за волшепството, магичниот свет сѐ повеќе и повеќе се развива. Откако нејзиното семејство е повторно опседнато, волшебничката Џоан Кендрик ѝ се придружува на бандата на Шо – озогласен криминален синдикат. Алекс Данфри има задача да навлезе во дружината и да ја разоткрие. И покрај нивните разлики, Алекс и Џоан се заљубуваат еден во друг, но дали нивната врска може да трае во светот каде мотивациите и сојузите се менуваат побрзо од што и да е?

9. Градината осветлена од месечината – Корина Боман (The Moonlit Garden)

13 книги за жени, напишани од жени, кои треба да ги прочитате оваа пролет

Откако останала вдовица, Лили Кајзер конечно се помирила со нејзиниот солитарен живот, сѐ додека еден непознат човек не пристигне на нејзината врата со една виолина за која тврди дека ѝ припаѓа нејзе. Заедно со нејзината најдобра пријателка, Елен, и згодниот музиколог Габриел Томпсон, Лили започнува едно трансконтинентално патување за да го открие потеклото на виолината. Така, ја открива поранешната сопственичка на виолината, Роуз Галавеј, која мистериозно исчезнала пред 100 години. Како што го разоткрива животот на Роуз, Лили сфаќа дека нејзиниот осамен живот можеби и не е толку бескраен колку што таа мислела.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар