13 книги за жени, напишани од жени, кои треба да ги прочитате оваа пролет - Part 2

13 книги за жени, напишани од жени, кои треба да ги прочитате оваа пролет

4. Иселениците – Џенис Ли (The Expatriates)

13 книги за жени, напишани од жени, кои треба да ги прочитате оваа пролет

Најпродаваниот автор според списанието „New York Times“ повторно се враќа со новела која ги истражува животите на три американки кои живеат во иселеничката населба во Хонгконг. Мерси е млада американка со потекло од Кореја која имала непријатно минато. Хилари е богата домаќинка, очајна да има деца за да го спаси нејзиниот нестабилен брак. Маргарет изгубила блиска личност која што го ставила нејзиниот мајчински идентитет под знак прашалник. Како што сите три се соочуваат со своите проблеми, нивните животи ќе се судрат и ќе се променат засекогаш.

5. Куќата на Бредбери – Никол Мејер (The House of Bradbury)

13 книги за жени, напишани од жени, кои треба да ги прочитате оваа пролет

Миа Гладвел е слободна и невработена жена без инспирација. Нејзината прва новела добила лоши критики, нејзиниот свршеник ја напуштил и таа сега живее со сестра ѝ. Убедена дека тоа ќе ја инспирира и извади од мизеријата, Миа го купува имотот на познатиот автор Реј Бредбери. Откако ќе се всели, таа ќе започне да живее со една непредвидлива старлета и да добива мистериозни цртежи од непознат човек. Таа ќе почне да се запрашува дали селењето во куќата на Бредбери било најголемата грешка или најголемата инспирација во нејзиниот живот.

6. Спротивно на сите – Џошилин Џексон (The Opposite of Everyone)

13 книги за жени, напишани од жени, кои треба да ги прочитате оваа пролет

Животот на Пола Вос се променил во оној момент кога мајка ѝ била уапсена и таа била згрижена во дом за сираци. 15 години подоцна, Пола добива криптична порака од мајка ѝ, која ја претвора од ќерка единица во сестра. Така, таа тргнува во потрага по нејзината мајка заедно со поранешниот дечко. Но, дали жената која целиот живот ги уништува своите врски ќе биде способна да изгради нови?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар