13 класици што можете да ги прочитате за 1 ден!
5. „Старецот и морето“ – Ернест Хемингвеј (The Old Man and the Sea)
Книгата „Старецот и морето“ е во голема мера заслужна за Нобеловата награда за литература што ја добил Хемингвеј во 1954 година. Станува збор за навидум едноставна приказна за еден стар рибар кој се обидува да улови голема риба марлин. Меѓутоа, ова дело го докажува фактот дека Хемингвеј е експерт за чистото и јасно пишување, без непотребни зборови. Иако е реална, приказната ги воведува читателите во ситуација каква што никогаш нема да сретнат во вистински живот.
6. „Тивкиот Американец“ – Греам Грин (The Quiet American)
„Тивкиот Американец“ е директна критика на бесмисленоста на војната. Грин добил инспирација од периодот што го поминал во Француска Индокина како воен дописник. Книгата јасно покажува дека Грин пишувал за место и проблем што имал значително влијание на него. Ова дело е еден вид шпионски роман со многу голема длабочина.
7. „Бисер“ – Џон Стајнбек (The Pearl)
Класикот „Бисер“ е адаптација на мексиканска народна приказна за млад човек кој наоѓа голем и убав бисер и се надева дека ќе може да го продаде за добра цена за да му плати на докторот и да му помогне на неговото болно дете. Меѓутоа, бисерот ја извлекува најзлобната и најалчната страна од луѓето кои доаѓаат во допир со него. Станува збор за кратко, но инспиративно четиво.
8. „Кланица пет“ – Курт Вонегат (Slaughterhouse – Five)
„Кланица пет“ можеби ќе ви делува како еден од подолгите романи на оваа листа, но благодарение на вонземјаните, патувањето низ времето, историјата на Втората Светска војна и личните анегдоти, нема ни да забележите дека поминало толку време откако ќе го прочитате најпознатото дело на Вонегат. Книгата се заснова на времето што го поминал писателот како војник во Дрезден за време на Втората Светска војна и содржи толку многу различни елементи што никако не може строго да се определи нејзината припадност во одреден жанр. Можеби најсоодветен назив за ова дело е историска научна фантастика, но ќе мора самите да го прочитате за да одлучите.
Преминете на наредната страница и дознајте кои се последните класици што треба да ги прочитате…
Колку саати ви трае вас денот што може да ги прочитате овие книги за еден ден со концентрација и разбирање?
Една книга за еден ден, јас така разбрав, а не сите во еден ден.