12 од најдобрите книги на сите времиња - Part 3

12 од најдобрите книги на сите времиња

9. „Госпоѓа Даловеј“ – Вирџинија Вулф (Мrs. Dalloway)

12-те најдобри книги на сите времиња

Оваа книга опишува точно еден ден од животот на Клариса Даловеј. Користејќи комбинација од општ наратор и мислите на разни ликови, се добива навистина личен поглед во умот на ликовите. Мислите на ликовите вклучуваат постојано жалење и размислување за минатото, нивните проблеми со менталните болести и посттрауматскиот стрес од Првата светска војна.

10. „Нештата се распаѓаат“ – Чинуа Ачебе (Things Fall Apart)

12-те најдобри книги на сите времиња

Ова дело е објавено во 1958-ма година и успеало да се прослави и покрај тоа што е дел од африканската литература. Приказната е за еден маж од село во Нигерија, неговото семејство и влијанието на британските колонии врз неговата држава. Книгата е пример за африканска постколонијална литература, жанр што зел голем замав во средината на 1900-тите, кога Африканците имале можност да ја раскажат нивната страна на колонизацијата.

11. „Џејн Ејр“ – Шарлот Бронте (Jane Eyre)

12-те најдобри книги на сите времиња

Бронте ја издала книгата во 1847-ма година и тоа под псевдоним, со цел да го сокрие фактот дека е напишана од жена. За среќа многу се променило оттогаш и Бронте го добива потребното внимание за нејзините дела. Ова е книгата за индивидуалноста на жените – ликовите започнуваат како сиромашни сираци, а завршуваат како успешни и силни жени.

12. „Бојата на пурпурот“ – Алис Вокер (The Color Purple)

12-те најдобри книги на сите времиња

Сместена во Јужна Америка по Граѓанската воја, оваа книга ја раскажува приказната за една млада Афроамериканка која му пишува писма на Бог и на нејзината сестра. Таа е жртва на сексуално злоупотребување од нејзиниот татко, а подоцна и од нејзиниот сопруг. Книгата ги обработува темите како сексизам, расизам, сексуална ориентација и попреченоста преку „оштетени“ ликови кои со текот на времето созреваат и ги оформуваат нивните животи.

Дајте им шанса и на овие одлични книги што ќе ве направат попаметни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    Има многу подобри книги од некои од овие.
    Според кого се овие најдобри книги? Според кој избор? Тоа треба да се каже.

Остави коментар