10 прекрасни романи за кои треба да најдете време оваа зима
Без разлика дали сте љубители на воени романси, магични авантури или биографски книги, овие 10 романи без сомнение ќе ви се допаднат. Не постои ништо подобро од роман кој ќе ве расположи за време на темните и ладни зимски денови. Токму затоа искористете го лошото време за да се опуштите и уживате во овие одлични книги.
1. Мали жени (Little Women, Louisa May Alcott)
Приказната се случува за време на Божиќ, во снежниот Масачусетс. Станува збор за топла приказна која го следи животот на сестрите Мерч, Џо, Мег, Бет и Ејми кои се наоѓаат во периодот на созревање, односно на патот од адолесценција до зрелост.
2. Лавот, вештерката и шкафот (The Lion, The Witch And The Wardrobe, C.S Lewis)
Запознајте се со ладниот, ветровит и магичен свет Нарнија, земјата во која животните говорат и живеат во постојан страв од вештерката. Никогаш не можете да бидете премногу стари за да ја отворите вратата и влезете во магичниот шкаф кој ќе ве одведе на прекрасно место.
3. Оркански висови (Wuthering Heights, Emily Bronte)
Станува збор за култна книга која и денес одушевува со неверојатната љубовна приказна. Врската помеѓу Кети и Хитклиф не е совршена, туку дива и деструктивна. Оваа книга е позната по својата драма и сложената психолошка обработка на ликовите која нема да ве остави рамнодушни.
4. Доктор Живаго (Doctor Zhivago, Boris Pasternak)
Кој не би сакал да се намести удобно на каучот и да чита трогателна љубовна приказна која се случува за време на руската револуција? Настаните се случуваат во 1905 година, водејќи ве низ политички бранувања, комплицирани приказни и голем број добро разработени ликови.
5. Повик на дивината (Call Of The Wild, Jack London)
Ако сте во потрага по краток роман, тогаш дефинитивно треба да ја прочитате приказната за големото пријателство помеѓу еден човек и неговото куче, Бак. Настаните се случуваат во 1890 година, кога кучето ќе биде украдено и ќе почне да со соочува со тешки моменти сè додека не го сретне Џон…
6. Мистеријата на Едвин Друд (The Mystery of Edwin Drood, Charles Dickens)
Оваа книга е еден од најинтересните примери за недовршени романи. Имајќи го ова на ум, во оваа приказна останува нерешена мистеријата дали вујко Џаспер навистина го направил тоа што го направил или не. Токму оваа тајна е тоа што го издвојува овој готски роман од останатите.
7. Норвешка шума (Norwegian Wood, Haruki Murakami)
Станува збор за најпознатата книга на Харуки Мураками, која открива необична љубовна приказна. Настаните се случуваат во Токио, каде што протагонист се навраќа на своите студентски денови и се потсетува на две големи љубови со две сосема различни жени.
8. Крпач, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy, John Le Carre)
Овој шпионски роман го следи животот на еден ветеран, кој е решен да го открие идентитетот на еден советски шпион така што работи за британската тајна разурнувачка служба. Оваа приказна нè води низ дождливите улици на Лондон, покажувајќи ни свет во кој никому не може да му се верува.
9. Месечев камен (The Moonstone, Wilkie Collins)
Овој детективски роман може да се прочита во само еден здив. Тој е сензационален, но содржи реалистички заплет кој почнува во моментот кога ќе исчезне индискиот дијамант кој неодамна го наследила херојката Рејчел. Тогаш почнуваат големи мистерии во потрагата по крадецот.
10. Црвените чевли (The Red Shoes, Hans Christian Andersen)
Зимата не би била зима без една магична бајка. Необичната приказна за девојчето кое не може да ги контролира своите црвени чевлички кои сами танцуваат ќе ве опушти и ќе ве стопли дури и за време на најладните зимски денови.