10 помалку познати книги од популарни писатели кои вреди да се прочитаат
Џорџ Елиот – „Ромола“ (Romola)
Мери Ен Еванс, позната под псевдонимот Џорџ Елиот, се прославила со нејзиниот роман „Мидлмарч“. „Ромола“ е книга која исто така треба да се прочита. Станува збор за историски роман поврзан со градот Фиренца за време на Ренесансата.
Џејн Остин – „Опатијата Нортангер“ (Northanger Abbey)
„Гордост и предрасуди“ е нејзиниот најпознат роман, а и книгите „Ема“ и „Убедување“ го имаат добиено потребното внимание од светската јавност. „Опатијата Нортангер“ е помалку позната приказна за хероината Кетрин Морланд и нејзината опсесија со драматични готски романи, која е сѐ уште актуелна и денес.
Џек Лондон – „Мартин Идн“ (Martin Eden)
Џек Лондон не ја напишал само популарната „Повик на дивината“. Неговиот роман „Мартин Идн“ е делумно автобиографска приказна за писател кој страда и дефинитивно вреди да се прочита.
Мери Шели – „Последниот човек“ (The Last Man)
Мери Шели е најдобро позната по морничавата приказна за Франкенштајн, но тоа не е нејзиниот единствен страшен роман. „Последниот човек“ е книга која не поминала добро кај критичарите, но за Шели таа е една од омилените. Дистопискиот поглед кон светот уништен од ужасна чума ќе ве остави без зборови.
Александар Дима – „Црното лале“ (The Black Tulip)
Дима е светски познат писател благодарение на неговите дела „Грофот од Монте Кристо“ и „Трите Мускетари“. Тој е вистински мајстор кога станува збор за пишување авантуристички романи. Неговите авантури продолжуваат и во „Црното лале“, роман за еден одгледувач на лалиња по име Корнелиус ван Барле, ќерката на затворскиот чувар по име Роза и политичката драма што се случува околу нив.