10 книги кои уредниците на Амазон ги прогласија за најдобри во 2019 година досега - Part 2

10 книги кои уредниците на Амазон ги прогласија за најдобри во 2019 година досега

6. „Дејзи Џонс и Шестката“ (Daisy Jones & The Six) – Тејлор Џенкинс Реид

Оваа фиктивно раскажана историја го мапира издигнувањето на рок бендот Дејзи Џонс и Шестката од 1970-тите кои се споени од продуцент кој ги открива и младите фронтмени и бендот кој само што почнал да привлекува внимание.

7. „Нарниа: Загадочно патување низ времето“ (Underland: A Deep Time Journey) – Роберт Мекфарлејн

Во оваа добро спакувана микроисторија, Роберт Мекфарлејн го истражува човечкиот однос кон сè што лежи под Земјината површина, од закопани тела до длабоки корени, испитувајќи како нашите постапки во минатото и сегашноста ќе влијаат врз иднината на планетата.

8. „Откривање на чудото: Мемоарите на животот, смртта и сè што доаѓа после“ (The Unwinding of the Miracle: A Memoir of Life, Death, and Everything That Comes After) – Џули Јип Вилијамс

Слично на мемоарите од „Кога здивот станува воздух“ (When Breath Becomes Air), Џули Јип Вилијамс со оваа книга ни ја раскажува приказната за нејзиниот живот, од нејзиното раѓање во нестабилниот Виетнам, низ времето додека е на Харвард и занимавањето со право, сè до нејзиното дијагностицирање со терминален канцер на возраст од 37 години.

9. „Зачувај ми ги сливите: Моите гастрономски мемоари“ (Save Me the Plums: My Gourmet Memoir) – Рут Реичл

Позната готвачка и писател која пишува за храната, Рут Реичл, ја споделува приказната за нејзината транзиција од критичар на ресторани до Гастрономски уредник во нејзиниот целосно нов мемоар, „Зачувај ми ги сливите“.

10. „Кари Мора“ (Cari Mora) – Томас Харис

Од авторот на „Кога јагнињата ќе стивнат“ (Silence of the Lambs), Томас Харис, доаѓа со нов роман за жената што прави сè што мора за да преживее. Една колумбиско-американска имигрантка по име Кари Мора, која едвај сврзува крај со крај во Америка, раководи со имотот каде што Пабло Ескобар некогаш криел богатство од купишта пари и вредни предмети. Кога Ханс-Питер Шнајдер, суровиот креатор на кошмари, почнува да се јавува, Кари ќе мора да се потпре на вештините што ги развила во нејзината татковина за да може да преживее низ овие потешкотии.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар