10 книги кои секоја жена треба да ги прочита

10 книги кои секоја жена треба да ги прочита

Вистинската дама е добро начитана. Читањето списанија, статии на Интернет, колумни и Фејсбук статуси понекогаш е корисно, но тие не можат да ги заменат книгите. Читањето книги ќе ја зголеми вашата самодоверба, креативност, знаење и речник. Ќе можете да разговарате на најразлични теми. Доколку не знаете од каде да почнете, еве неколку предлози на книги кои секоја жена треба да ги прочита во некој период од животот. Сместете се удобно во вашата фотелја, направете си кафе или чај и потонете во новите светови на следниве 10 книги…

1. „Жените кои трчаат со волците“ – Клариса Пинкола Естес (Women Who Run With the Wolves)

10 книги кои секоја жена треба да ги прочита

За оваа книга што содржи повеќе од 500 страници се вели дека е вистински лексикон на женската психологија. Од воведот, па сѐ до последната страница, книгата истовремено ќе направи да се чувствувате удобно и пријатно, но и ќе ја разбуди вашата дива страна. Ќе заминете на волшебно патување каде ќе се сретнете со неверојатни митови за светот на Дивите жени.

2. „Јади, моли се, сакај“ – Елизабет Гилберт (Eat, Pray, Love)

10 книги кои секоја жена треба да ги прочита

Книгата која го промени животот на многу жени ширум светот. Станува збор за возбудлива приказна за жена која ги оставила зад себе сите општествено прифатени поими за успех, со цел да пронајде вистинска среќа. По разводот, таа одлучила да истражи три различни аспекта од нејзината природа преку три различни култури: Задоволството го истражувала во Италија, духовноста во Индија и рамнотежата помеѓу задоволството и духовното на островот Бали во Индонезија. По читањето на оваа книга ќе посакате да го направите истото.

3. „Век на мудроста“ – Каролин Стесингер (A Century of Wisdom)

10 книги кои секоја жена треба да ги прочита

Оваа инспиративна книга ги содржи животните лекции од Алис Херц Зомер, најстарата жена во светот која го преживеала Холокаустот и починала кога имала 109 години. Таа во текот на нејзиниот долг живот видела сѐ: Го преживеала концентрациониот логор, била на судењето на Адолф Ајхман и имала среќа да се запознае со некои од најголемите имиња на 20-тиот век како што се Франц Кафка, Густав Малер и Рајнер Марија Рилке. Таа видела како нацистите ја убиваат нејзината мајка сопруг и пријатели, но сепак не била огорчена. Таа дури и во најголемиот непријател успевала да ја најде човечката суштина.

4. „Малите жени“ – Луиза Меј Алкот (Little Women)

10 книги кои секоја жена треба да ги прочита

Класична приказна за сите девојчиња, мајки и баби која раскажува за семејните односи помеѓу четири сестри и нивната мајка. Додека таткото е во војна, читателите можат да видат како тие живеат и колку се разликуваат една од друга. Сите тие љубат, тагуваат, сонуваат и страдаат, но никогаш не ја губат љубовта што ја чувствуваат една кон друга.

5. „Дневникот на Ана Франк“ – Ана Франк (The Diary of a Young Girl)

10 книги кои секоја жена треба да ги прочита

Книгата буди бура на емоции. Тага поради крајот, но среќа поради тоа што Ана е интелигентно и духовито девојче. Таа е невина, но нејзината судбина мрачна. Нејзината надеж, љубов и начин на размислување ќе ве поттикнат да правите што е можно повеќе добрини.

6. „Илјада неверојатни сонца“ – Халед Хосеини (A Thousand Splendid Suns)

10 книги кои секоја жена треба да ги прочита

Трогателна приказна за долгогодишното пријателство меѓу две жени кои поминале низ многу страдања предизвикани од десетгодишните војни во Авганистан. Овој роман ќе ви го скрши срцето, но и ќе ви ја врати вербата во љубовта и вистинското пријателство.

7. „Страв од летање“ – Ерика Јонг (Fear of Flying)

10 книги кои секоја жена треба да ги прочита

Современ роман кој му дава ново значење на поимот „сексуалност“. Тој им помага на жените да се ослободат и да ги надминат сите стравови.

8. „Гордост и предрасуди“ – Џејн Остин (Pride and Prejudice)

10 книги кои секоја жена треба да ги прочита

Љубов, недоразбирања, потрага по совршениот маж, конфликти и класни разлики. Ова се само дел од темите опфатени во задолжителниот класик на Остин. Никогаш нема да можете да ја заборавите волшебната приказна за симпатичната Лизи Бенет и гордиот господин Дарси.

9. „Слугинки“ – Кетрин Стокет (The Help)

10 книги кои секоја жена треба да ги прочита

Фантастичен роман кој потврдува дека соништата се остваруваат, дури и тогаш кога тоа се чини невозможно. Ќе се запознаете со три незаборавни жени кои иако угнетени, ги рушат сите можни граници и успеваат да се издигнат над човечката омраза и страв.

10. „Ана Каренина“ – Лав Николаевич Толстој (Anna Karenina)

10 книги кои секоја жена треба да ги прочита

Еден од најубавите романи кој ја опишува психологијата на човекот како индивидуа и општеството во целост. Дејството се врти околу две љубовни приказни, една среќна и една несудена.

Доколку вашата желба за читање сѐ уште не е задоволена, ви препорачуваме уште 13 задолжителни книги напишани од жени кои никако не смеете да ги пропуштите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар