10 книги кои се изгубени низ историјата

10 книги кои се изгубени низ историјата

Книгите се еден од најголемите изуми на човештвото. Неколку зборови на страна, и вашите мисли, знаење и емоции стануваат бесмртни. Секој кој ќе ги прочита ќе знае што сте мислеле и што сте чувствувале кога сте ги пишувале. За жал многу книги се изгубени низ историјата, а на оваа листа ќе ги најдете 10-те најневеројатни книги кои не го издржале тестот на времето.

1. „Inventio Fortunata“, записи од Арктикот

(1)10-knigi-koi-se-izgubeni-niz-istorijata-kafepauza.mk

Во средината на 14-тиот век, еден непознат свештеник отишол на неверојатно патување. Тргнувајќи од Оксфорд, Англија, свештеникот патувал до Арктикот и станал првиот Европеец кој ја документирал оваа област. За време на патувањето, тој ја напишал „Inventio Fortunata“ (Среќно откритие или Откритие што носи среќа), и му ја покажал на кралот Едвард Трети во 1360-тите. Иако се верува дека биле направени барем 6 копии на книгата, денес нема ниту една. Познато е дека книгата му била раскажана на Џејкоб Кнојен од друг свештеник, кој пак запишал дел од раскажаното во неговото дело „Itinerarium“ (Мапа) од 1364 година. Пред да исчезне и оваа книга, еден картограф од 16-тиот век, Герард Меркатор, добил една копија која ја користел како основа за неговиот атлас кој бил издаден во 1569 година. Во атласот имало и цитат во кој бил опишан Северниот Пол:

„Помеѓу 4-те држави има голем вир во кој се празнат морињата кои го делат северот. И оваа вода се спушта во Земјата како некој да ја истура. Широк е 4 степени од секоја страна на Полот, и веднаш под него има карпа сред морето. Нејзината површина е речиси 33 француски милји и е направена од магнетен камен.“

Се разбира, Северниот Пол воопшто не изгледа вака, па од овде настанува прашањето: Дали овој свештеник навистина постоел и дали навистина го посетил Северниот Пол?

2. Хомеровата „Маргит“, првата влијателна комедија

(2)10-knigi-koi-se-izgubeni-niz-istorijata-kafepauza.mk

Хомер е најпознат по поемите „Илијада“ и „Одисеја“. Овие епови имаат огромно влијание на писателите низ целиот свет и се проучуваат 1.000 години по нивното пишување. Но првата поема на Хомер била „Маргит“ (Margites) и ја напишал околу 700-та година пред нашата ера. Не се знае какво било патешествието на главниот лик Маргит, но благодарение на Платон имаме некаков увид за неговиот карактер.

„Тој знаел многу работи, но сите лошо.“

Исто така е познато дека Маргит не бил сигурен дали раѓаат мажите или жените и му било страв да спие со својата сопруга во случај таа да ѝ каже на мајка му колку е лош во кревет. Аристотел верувал дека Хомер ја започнал новата ера на комедијата, па дури и дека влијанието на „Маргит“ е исто како она на „Илијада“ и „Одисеја“ во трагедијата. Иако постојат некои фрагменти од ова дело, поголемиот дел е засекогаш изгубен.

3. „Карденио“, Шекспирова драма

(3)10-knigi-koi-se-izgubeni-niz-istorijata-kafepauza.mk

Кога „Дон Кихот“ била преведена и донесена во англиските продавници во 1612 година, Шекспир веднаш ја купил и почнал да работи на нова драма – „Карденио“ (Cardenio). Не е познато дали Шекспир бил воодушевен од „Дон Кихот“ па ја крстил драмата по главниот лик, или пак причината е нешто друго, бидејќи „Карденио“ исчезнала уште веднаш. Постојат само неколку докази за постоењето на оваа драма. Извештаи од 1653 година покажуваат дека текстот го поседувал човек по име Хемфри Моузли, но тоа е последниот доказ дека постоела. Иако некои експерти веруваат дека постојат делови кои може да му се препишат на Шекспир, никој со сигурност не може да каже дека станува збор за неговата драма.

4. „Џекил и Хајд“, првата верзија

(4)10-knigi-koi-se-izgubeni-niz-istorijata-kafepauza.mk

„Чудниот случај на доктор Џекил и господин Хајд“ (The Curious Case of Dr. Jekyll and Mr. Hyde) е една од најпознатите хорор приказни. Всушност книгата оставила таков белег во западната литература, што фразата „Џекил и Хајд“ се користи многу често. Но ако сопругата на Роберт Л. Стивенсон не била остар критичар, можеби никогаш немаше да слушнеме за него. Во 2000 година пронајдени се писма помеѓу неговата сопруга, Фани, и еден семеен пријател. Во писмата Фани изјавува дека книгата е една голема бесмислица и дека нема никаква порака во неа. Таа предложила дека трансформацијата на докторот треба да го симболизира конфликтот во човечката природа, а токму оваа тема ја прослави книгата. Стивенсон ја добил идејата во кошмар под дејство на кокаин. Ја напишал приказната од 30.000 збора за само 3 дена. Но, на Фани не ѝ се допаднала и ја запалила. Стивенсон повторно се фатил на работа и го создал делото кое ни е познато денес.

5. Новела за Првата светска војна, Ернест Хемингвеј

(5)10-knigi-koi-se-izgubeni-niz-istorijata-kafepauza.mk

Во декември, 1922 година, Хедли Хемингвеј се подготвувала да му се придружи на својот сопруг, Ернест Хемингвеј, во Швајцарија. Таа со себе земала и неколку недовршени текстови на Ернест кои требало да му ги покажат на Линколн Стефенс, американски новинар и автор. Кога стигнала на станицата, Хедли решила да купи шише вода а кога се вратила, торбата со текстовите била украдена. Оваа загуба е нешто што Ернест никогаш не го преболел. Тој никогаш не се обидел повторно да ги напише делата, туку им се посветил на нови. Исто така никогаш не објаснил што точно содржеле украдените текстови.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар