10 класици кои секоја современа девојка треба да ги прочита
Искористете го летото за да уживате во добри книги кои секоја паметна и образована девојка треба да ги прочита. Ова е листа од 10 книги препорачани од книжевен критичар и во нив со сигурност ќе уживате.
1. „Три сестри“ – Антон Павлович Чехов
Сестрите Ирина, Маша и Олга во својата провинција мечтаат да отидат во Москва, но тука не се работи за големиот град, туку за ширината, слободата и за еден незапирлив женски, човечки живот.
2. „Нора“ – Хенрих Ибзен
Нора со уште некои свои „книжевни сестри“ го разби стереотипот за граѓанскиот брак и оттогаш тој е незамислив. Нека не ве лаже фактот дека и денес милиони луѓе живеат во таков брак, тоа не е веќе тоа, туку само така се вика.
3. „Мадам Бовари“ – Густав Флобер
„Madame Bovary, c’est moi“ – вели загадочно Флобер. Но, со него или без него, госпоѓата Бовари се повикува на „романтична лудост“ која го оправдува човековото постоење. И тргнува на една храбра прошетка со кочија, прошетка која сè уште трае.
4. „Ана Каренина“ – Лав Николаевич Толстој
Русинките поинаку се воспитуваат, кога нешто не е во ред, нужно мислат дека самите се криви за тоа. Ана се фрлила под воз, но пред тоа мудриот спахија Толстој ни раскажал една од основните приказни во историјата на модерниот роман, приказна за сфаќањето на човечката слобода и женската независност. Океј, Ана лошо сфатила, но отворила пат…
5. „Даблинци“ – Џејмс Џојс
Можеби најдобрата збирка раскази некогаш напишана. „Мртви“, еден од нив, е приказна за љубовта и изгубеното, за ненадополнетото, за незабележителната тага, неважноста на сè и секој што доаѓа потоа, кој го сака оној кој живее во сенка на својот „мртов“. А снегот подеднакво паѓа на земјата и прекрива сè живо и неживо и нема никогаш да прекине.
6. „Тонио Крегер“ – Томас Ман
Тонио е заљубен уметник, но русокосата убавица која ја сака ќе ѝ даде предност на „подобрата прилика“ и со тоа му ќе му го крши срцето.
7. „Неподносливата леснотија на постоењето“ – Милан Кундера
Има нешто од фундаментална важност за мажите, барем за оние од средна Европа во 20 век, а тоа ни го посочува Кундера во оваа, но и во секоја друга негова книга.
8. „Нечија сопствена соба“ – Вирџинија Вулф
И сиот нејзин прозен опус, се разбира. Но, овој есеј говори за суштински важни работи како што е моментот кога жената престанува да биде подвижен дел од покуќнината. Немојте да се залажувате дека тоа било порано, има многу места каде сè уште се случува.
9. „Премногу среќа“ – Алис Мунро
Па и секоја друга збирка со нејзините приказни. Канаѓанката е многу моќна, прониклив проповедник на помалку блескави, а повеќе страшни женски судбини, навидум удобно заштитени во своите американски провинции.
10. „Песочен часовник“ – Данило Киш
Жените едноставно лудувале по овој човек. А, според неговото дело „Песочен часовник“ ќе сфатите дека југословенската литература е нешто кое навистина заслужува да биде рамо до рамо со светските класици.