Зошто работиме 8, а не 6 часа дневно и кој го измислил тоа?

Зошто работиме 8, а не 6 часа дневно и кој го измислил тоа?

Дали знаевте дека 8-те работни часа некогаш биле вистински спас за работниците? Во XVIII век, социјалното движење на работничката класа одлучило да му се спротивстави на владеачкиот систем. Всушност, барањето било одговор на работниците на лошите услови за работа, експлоатацијата на децата и работното време кое варирало од 10 до 16 работни часа дневно.

Зошто работиме 8, а не 6 часа дневно и кој го измислил тоа?

Неверојатно долгите работни денови не биле издржливи и наскоро храбриот човек, Роберт Овен, започнал кампања за воспоставување 8-часовен работен ден. Неговиот слоган бил „8 часови работа, 8 часови рекреација, 8 часа одмор“, а наскоро државите, една по една, започнале да применуваат нови услови за работа. Една од првите компании што ги почнала промените била компанијата „Форд мотор“ во 1914 година.

Колку е тоа корисно?

Денес многумина сметаат дека 8 часа се премногу, и тврдат дека би функционирале најдобро со 6 часа работно време. Најпознатиот пример за земја што воведе такво работно време е, секако, Шведска. Во текот на првите 18 месеци од експериментот, медицинските сестри кои работеле 6 часа пријавиле дека се чувствуваат поздраво и попродуктивно. Ова влијаело и врз нивната работа, намалувајќи го драстично бројот на оние кои пријавиле боледување. Откако се вратиле на 8-часовна работа, една медицинска сестра изјавила дека се чувствува исцрпено и дека при враќањето на работа по старото работно време, ѝ одзеле вредни часови поминати со нејзиниот син.

Џејсон Фрид, коосновач на „Basecamp“ тврди дека креативните работни места како програмирање и пишување треба да им дадат на луѓето време да размислат за својата работа.

Ако ги прашавте кога последен пат имале можност навистина да размислат за својата работа, повеќето од овие вработени би ви кажале дека немале можност да размислуваат долго време за тоа, што е навистина тажно, според Фрид, кој поддржува 6-часовно работно време.

Може ли сè да се направи за 6 часа?

Бидејќи оваа тема станува сè поактуелна, еве што велат за неа неколку млади вработени луѓе.

„Фактот дека имам повеќе време за себе секој ден дополнително ќе ме мотивираше да ги завршам сите задачи во тие 6 часа.“ – вели Леа (26), која смета дека ретко кој може да биде подеднакво продуктивен во текот на сите 8 часа.

Слично мислење има и Вероника (24) велејќи:

„Мислам дека прашањето дали некој ќе ја заврши или нема да ја заврши работата во рок од 6 часа зависи од видот на работата. Но, исто така, кога 6-часовното работно време би станало стандард, природата на работата ќе се прилагоди и верувам дека и ние ќе се приспособиме. Продуктивни сме максимум 6 часа од вкупното работно време.“.

„Поради обемот на работа, би било соодветно да работам 6 часа во првите две петини од неделата и 8 часа во вторите три, кога има повеќе работа. За жал, дури и 8 часа дневно не ми се доволни за да ги извршувам сите мои дневни задачи, затоа работата ја завршувам дома или за време на викендите.“ – вели Томислав (29).

Можеби сакате да прочитате и за еден научник од Оксфорд тврди дека одењето на работа или на училиште пред 10 часот има ефект сличен на мачење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар