Зошто луѓето пијат кафе кога тоа има горчлив вкус?

Зошто луѓето пијат кафе кога тоа има горчлив вкус?

Можеби звучи чудно, но луѓето кои се почувствителни на горчливиот вкус на кафето, всушност пијат повеќе од него. Барем така покажале резултатите од едно ново истражување.

Зошто луѓето пијат кафе кога тоа има горчлив вкус?

Оваа чувствителност не е поврзана само со вкусот, туку има влијание и од генетиката на личноста.

„Би очекувале луѓето кои се почувствителни на горчливоста на кофеинот поретко да пијат кафе. Спротивните резултати од нашето истражување покажаа дека корисниците го бараат горчливиот вкус поради наученото позитивно влијание на кофеинот“, изјавил Мерлин Корнелис, еден од истражувачите.

Со други зборови, луѓето кои имаат поголема способност да ја вкусат горчливоста на кафето, особено вкусот на кофеинот, учат да го поврзуваат со добри работи. Ова откритие е изненадувачко бидејќи горчливоста често е како механизам за предупредување што ги тера луѓето да ги плукнат штетните супстанци.

Истражувачите го спровеле истражувањето со цел да разберат како генетиката влијае на консумирањето чај, кафе и алкохол, кои често имаат горчлив вкус.

„Додека сите горчливи вкусови можеби делуваат исто, различно ја доживуваме горчливоста на кељот, чајот и кафето. Степенот до кој ви горчат овие вкусови зависи од вашите гени“, изјавил главниот истражувач, Џуе Шенг Онг.

За истражувањето, научниците ги следеле гените и дневното консумирање на горчливи продукти на над 400.000 луѓе од Велика Британија. Со помош на гените поврзани со способноста да се вкуси горчливоста, научниците можеле да откријат и дали оние кои повеќе ја чувствуваат горчливоста повеќе сакаат чај или кафе.

Резултатите покажале дека луѓето со гени за вкусување на горчливост од зеленчук почесто сакале чај отколку кафе. Луѓето кои биле почувствителни на горчливоста од зелениот зеленчук настојувале да го избегнуваат кафето.

Истовремено, луѓето кои биле чувствителни на горчливоста кај кељот поретко пиеле алкохол, особено црвено вино, за разлика од другите. Научниците се надеваат дека со ова може дополнително да се истражува и зависноста.

Во кафето не било додавано ништо, ниту млеко ниту шеќер. Постојат многу фактори што влијаат на вкусот на кафето и многу луѓе пијат различни видови кафе. Истражувачите само сакале да откријат како гените имаат влијание на консумирањето горчливи нешта. Резултатите покажале дека можеби сите видови кафе имаат слична горчливост.

Дознајте и кои се предностите од секојдневното консумирање кафе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар