Зошто испиеното кафе ве прави поуспешна личност?
Никој од нас не може да си го замисли почетокот на денот без кафе. Кафето ни делува како гориво. Повеќето од нас избираат кафе со кофеин, бидејќи она без кофеин како да не е кафе. Тоа е исто како да купувате хамбургер, но плескавицата да биде без месо. Нема поента. Сепак, вкусовите и желбите се различни, па за нив не се расправа. Во секој случај, студиите докажаа дека пиењето кафе ги прави луѓето поуспешни и попродуктивни.
1. Влијае на физичката и психичката активност
Без разлика дали пиеме лате, мока, еспресо, турско, нес или друг вид кафе, кога кофеинот ќе допре до нашиот организам тој ни дава сила, исто како што горивото делува на автомобилот. Кофеинот го подига и нивото на адреналин што значајно влијае на нашата продуктивност и размислување. Знаете и сами, кога сте уморни шолја кафе ве враќа во живот, па затоа не е чудно што многу стручни лица препорачуваат шолја кафе еден час пред одењето на вежбање.
2. Го намалува ризикот од болести
Ќе се израдувате кога ќе дознаете дека вашиот омилен напиток го намалува ризикот од дијабетес и кардиоваскуларни болести. Исто така, кафето позитивно делува против мозочните болести како Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест. Иако не постојат лекови за наведените болести, оние кои пијат кафе имаат помал ризик да заболат од нив.
3. Ги подобрува мозочните функции
Колку пати ви се случило да почувствувате дека мозокот „не ви работи“ и дека не можете да функционирате сè додека не се напите голтка кафе? Можеби звучи неверојатно, но кафето ги подобрува мозочните функции и влијае на брзото размислување. Затоа нека не ве чуди ако одеднаш ви светне идеја баш додека го консумирате омилениот, утрешен напиток.
4. Успехот доаѓа со ритуалот на пиење кафе
Забележано е дека поголемите достигнувања во кариерата се врзуваат за ритуалот на пиење кафе. Наместо излежување во креветот, кафето ќе ве натера да скокнете на нозе и спремно да ги започнете обврските и останатите зададени цели.
5. Луѓето кои пијат кафе се интересни
Кафето влијае на вашето расположение, а со самото тоа и на луѓето околу вас. Ако пиете кафе ќе забележите дека и вашите колеги кои го прават истото се поинтересни, занимливи и порасположени личности од оние кои го избегнуваат овој напиток.