Златно око: Вашето ново омилено ледено кафе

Златно око: Вашето ново омилено ледено кафе

Започнете го викендот на вистинскиот начин!

Потребни состојки:
  • 400 грама сирови бадеми
  • 3 супени лажици куркума во прав
  • 2 супени лажици какао во прав
  • 2 стапчиња цимет
  • 1/2 екстракт од ванила
  • 6 супени лажици кокосово масло
  • 6 супени лажици чоколаден сос со кокосово масло (видете го рецептот подолу)
  • 9 супени лажици сируп од кафен ориз
Начин на подготовка:

Потопете ги првите 5 состојки во 1,5 литри вода, и во затворен сад оставете ги да отстојат околу 24 часа. Потоа извадете ги состојките од фрижидерот и тргнете ги настрана. Ставете 1/3 од нив во блендер, заедно со 2 супени лажици кокосово масло, 2 супени лажици чоколаден сос со кокосово масло, 3 супени лажици сируп од кафен ориз, прстофат сол и 700 милилитри топла вода. Матете на висока брзина околу 2 минути, а потоа исцедете низ ситна цедалка. Обидете се да исцедите што е можно повеќе од изматената смеса.

Повторете го овој чекор уште 2 пати, односно додека не ги изматите и исцедите сите состојки. Сипете околу 80 милилитри над ледени коцки и една доза еспресо.

Чоколаден сос со кокосово масло

Потребни состојки:
  • 200 грама темно чоколадо
  • 170 милилитри кокосово масло
Начин на подготовка:

Стопете ги состојките на пареа.

Пробајте го и ова ледено кафе со Калуа!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар