Претходно
Замрзнато ирско кафе за најголемите љубители на кофеинот
Уживајте во викендот!
Потребни состојки (за две сервирања):
- Силно црно кафе, оладено
- 335 милилитри слатка павлака
- 90 милилитри ирско виски
- 1 лента чоколадо, стопено
Начин на подготовка:
Ставете го кафето во стандарден калап за лед и замрзнете го. Во друг калап ставете дел од слатката павлака. Од останатата слатка павлака направете шлаг пена и тргнете ја настрана.
Земете 4 коцки од замрзнатото кафе и ставете ги во блендер, каде што ќе го додадете и вискито. Матете додека не добиете пенеста смеса. Потоа додајте 2 коцки од замрзнатата слатка павлака и изматете заедно со една лажица чоколадо. Спојте ги двете смеси и декорирајте со шлаг пена и течно чоколадо. Повторете за второто сервирање…
Љубители на кафе, имаме одлични вести за вас!