Зачинето есенско кафе што ќе ви ја стопли душата

Зачинето есенско кафе што ќе ви ја стопли душата

Кажете им добредојде на ниските температури со вкусно зачинето кафе

Потребни состојки:
  • 350 милилитри свежо подготвено црно кафе
  • 1 супена лажица органски путер
  • 1 супена лажица незасладен сируп од ванила или карамела
  • 1 кафена лажичка микс од зачини (рецептот е подолу)
Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и матете додека не добиете кремаста смеса. По желба, декорирајте со домашно подготвена шлаг пена и стапчиња цимет.

Во продолжение ќе го најдете и рецептот за комбинација од зачини што можете да го користите за повеќе намени…

Микс од зачини

Потребни состојки:
  • 30 грама смелен цимет
  • 2 супени лажици смелен ѓумбир
  • 1 супена лажица смелено морско оревче
  • 2 супени лажици смелено каранфилче
Начин на подготовка:

Комбинирајте ги сите состојки, добро измешајте и ставете ги во тегла. Затворете добро за да не влегува воздух.

Сакате нешто што ќе ве освежи и разлади? Пробајте го ова ледено тајландско кафе за будење на сите сетила!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар