За љубителите на кофеинот: Нов кафемат што може да ги замени сите останати!

За љубителите на кофеинот: Нов кафемат што може да ги замени сите останати!

Љубители на кафето, имаме радосна вест за вас. Постои нов вид кафемат што привлекува огромно внимание на Кикстартер бидејќи верувале или не, може да подготвува 3 видови кафе со само еден механизам на работа! Станува збор за GINA! Со овој апарат за кафе можете да подготвите топло варено, филтер и ладно кафе. Тоа исто така има и вградена вага, па со нејзина помош секогаш ќе го погодите совршениот размер на кафе и вода.

За љубителите на кофеинот: Нов кафемат што може да ги замени сите останати!

Кафематот, исто така може да се поврзе и со апликација на вашиот смартфон, каде што имате голем број насоки за подготовка на различни видови кафиња. Апликацијата исто така го мери времето на подготовка и помни забелешки со цел да ви помогне да ја пронајдете рецептата за совршената шолја кафе. Од друга страна пак, дизајнот е толку елегантен што може да се вклопи во секое место од вашиот дом.

За љубителите на кофеинот: Нов кафемат што може да ги замени сите останати!

GINA доаѓа во црна, бела и сребрена боја и сè уште е во фазата на собирање средства за изработка на Кикстартер. Се очекува првиот модел да пристигне во април 2017 година и да чини околу 160 долари.

За љубителите на кофеинот: Нов кафемат што може да ги замени сите останати!

Колку што можеме да видиме, овој кафемат има само една маана. Тој може да подготви само 4 шолји кафе одеднаш, па ако живеете во дом каде што се пие многу кафе, ова може да ви биде мал проблем.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар