Викенд рецепт: Далгона мартини

Викенд рецепт: Далгона мартини

После рецептот за Далгона кафе што кружеше низ социјалните мрежи, луѓето започнаа да експериментираат, па така стана популарен и овој рецепт за далгона мартини. Погледнете го рецептот и пробајте го овој викенд!

Викенд рецепт: Далгона мартини

Потребни состојки:

  • 50 милилитри Ирски ликер крем (Бејлис)
  • 50 милилитри водка
  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажици инстант кафе
  • 2 лажици ладна вода
  • коцки мраз

Начин на подготовка:

  1. Ставете го ликерот од кафе, водката и мразот во мешач за коктели и промешајте, а потоа ставете ја течноста во чаша за мартини.
  2. Во еден сад додајте го шеќерот, инстант кафето и водата и мешајте додека не добиете пенеста смеса. Можете да користите блендер.
  3. Смесата од садот додајте ја во чашата мартини и уживајте!

Погледнете го и рецептот за далгона кафе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар