Виетнамско кафе со јајце за одличен почеток на работната недела

Виетнамско кафе со јајце за одличен почеток на работната недела

Необично кафе, за необичен понеделник

Виетнамско кафе со јајце за одличен почеток на работната недела

Потребни состојки:
  • Црно кафе, доволно за да се наполнат 2 мали шолји околу 1/3
  • 2 жолчки од јајце
  • 6 лажици засладено кондензирано млеко
  • 1/2 лажица екстракт од ванила
Начин на подготовка:

Подгответе го кафето. Ставете ги во еден сад жолчките од јајцата, заедно со екстрактот од ванилата и мешајте сè додека не добиете густа и леплива смеса. Додавајте го кондензираното млеко, лажица по лажица, додека матите со електричен миксер и потоа продолжете со матењето уште неколку минути со цел да добиете густа и хомогена смеса. Сипете го кафето во 2 шолји и додајте ја мешавината со јајцата врз него. Послужете.

Ако сакате да се придржувате до традиционалниот виетнамски утрински пијалак, послужете ја шолјата кафе во сад со жешка вода со цел кафето да ви остане топло.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар