Претходно
Виенско ледено кафе за топлите пролетни денови
Дочекајте ја пролетта со вкусно кафе!
Потребни состојки:
- 4 топки сладолед (со вкус на ванила или кафе)
- 180 милилитри еспресо (обично или безкофеинско)
- 3 лажици шеќер
- 1 лажица екстракт од ванила
- 60 милилитри топла вода
- Лед
Начин на подготовка:
Ставете го еспресото, шеќерот, ванилата и топлата вода во блендер и матете сè додека шеќерот не се разложи. Потоа додајте го и ледот, па матете на висока брзина додека не добиете хомогена смеса. Сипете го добиеното во 4 куси чаши.
Ставете го сладоледот во микробранова печка на висока температура, околу 15 секунди, односно додека не омекне. Потоа ставете по една топка во секоја чаша. По желба декорирајте со какао во прашок. Послужете со мала цевка и лажичка.