Видови кафиња според начинот на печење
Најдоброто кафе расте на надморска височина од околу 915 метри. Висината придонесува за произведување на поелегантни, комплексни вкусови на црешките од кафе во кои се содржани зрната. Плодовите мора да се собираат рачно од дрвјата на кои може да има цветови, зелено овошје и зрели цреши истовремено.Надворешната пулпа и пергаментот од црешовото кафе се отстрануваат, по што остануваат две зрна, кои потоа се чистат, сушат, градираат и рачно се проверуваат. Зрната варираат во бојата од бледо зелени до темно жолти кога се сирови.Додека се такви се експортираат за печење, мешање и мелење до нивната финална дестинација. Повеќето комерцијални компании ги користат Ц. Робуста и Ц. Арабика како примарни во нивните смеси.Американско (нормално) печење на кафето: зрната се средно печени, како резултат на што се прави умерен пијалак, не многу лесен, ниту тежок на вкус.
Француско печење и темно француско печење на кафето: јако печени зрна, со длабока чоколадно-кафена боја и појако кафе на вкус.
Италијанско печење на кафето: сјајно, кафено-црно, со силен вкус, се користи за еспресо.Европско печење на кафето: 2/3 јако печено кафе помешано со 1/3 нормално печено кафе.
Виенско печење на кафето: 1/3 јако печено кафе помешано со 2/3 нормално печено кафе.
Инстант кафе: прашкаста материја добиена со сушење на свежо приготвен пијалак од кафе на висока температура.
Замрзнато сушено кафе: сварено кафе кое било замрзнато пред да испари водата. Вообичаено е поскапо од инстант кафето, но и со подобар вкус.
Безкофеинско кафе: кофеинот се отстранува од зрната пред да се пече со користење на хемиски растворувач кој целосно исчезнува откако зрната ќе се испечат. Ова може да се постигне и во процес со швајцарска вода во кој се чистат зрната со машина на пареа по што однадвор се отфрлаат наталожените кофеински слоеви.
И “замрзнато сушено кафе” е инстант кафе само точно дека е поквалитетно … со процесот на замрзнување подобро се зачувува вкусот. Такви се најчесто Gold варијантите на инстант кафињава. Кај нас ги имаме Ness Gold, MacCoffee Premium и Jacobs Cronat Gold ама за ова за жал прочитав дека повеќе нема да се произведува …. 🙁
pa jas i ne se slozuvam so toa… najdobar i najkvaliteten vkus mozes da dobies od taze peceno i taze meleno kafe… ispeceno pa zamrznato deka ima pokvaliteten vkus od taze peceno i taze meleno ednostavno nema teorija…kako prvo ako e taka ke ostane vo proizvodstvo a kako vtoro se sto e zamrznato ne e isto sto i svezoto razlikata e ogromna… i normalno da bide poskapo imas plus uste eden proces na rabota… 🙂
pozdrav