Веганско турско кафе со вкус на ванила

Веганско турско кафе со вкус на ванила

За веганите и оние што преферираат здрава исхрана

Потребни состојки:
  • 1-2 лажици турско кафе (за најдобар вкус користете зрна)
  • 280 милилитри прочистена филтрирана вода
  • 1 кафена лажичка кокосов шеќер
  • 1 кафена лажичка екстракт од ванила
  • Прстофат морско оревче
Начин на подготовка:

Најпрво смелете ги зрната кафе во ситен прав. Потоа ставете ја водата во поголемо ѓезве и додајте ги кафето и шеќерот. Дозволете му на кафето да потоне на дното, па потоа промешајте. Варете на тивок оган додека не забележите дека водата почнува да врие и на врвот почнува да се формира пена. Кога тоа ќе се случи, додајте ги екстрактот од ванила и морското оревче, па тргнете го ѓезвето од оган. Сипете го кафето во две шолји, притоа внимавајќи талогот да остане во ѓезвето. Уживајте во вкусот!

Вкусно, здраво и веганско: Пробајте го и ова смуди од кафе, какао и урми!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар