Претходно
Уживајте во овој кофеински рецепт со сладолед пред да дојде зимата
Без разлика дали сте се разбудиле без енергија или пак, ви треба освежување по тешкиот работен ден – ова фрапе е одличен избор за вас!
Потребни состојки:
- 3 топки сладолед од ванила
- Ледени коцки
- 60 милилитри свежо подготвено кафе, оладено
- 30 милилитри млеко
- 2 лажици сируп со вкус на кафе
- Шлаг пена
- Какао во прав
Начин на подготовка:
Изматете ги сладоледот, ледот, кафето, млекото и сирупот со миксер. Матете сè додека не добиете мазна површина. Префрлете ја добиената смеса во стаклена, оладена чаша и декорирајте со шлаг пена и прстофат какао во прав.
Погледнете го и овој рецепт за домашен сладолед од кафе (без млечни производи!).