Универзитет создал просторија со кутриња која им помага на студентите да се опуштат
Во Универзитетот во Ланкашир постои една просторија која е намената за оние студенти кои се под голем стрес. Како дел од кампањата „SOS (Stressed Out Students)“ и во соработка со организацијата „Guide Dogs“ за спасување кучиња, секој студен има можност да ја посети оваа просторија и да помине одредено време со слатките кутриња. За влез во просторијата потребни ви се само околу 80 денари кои одат во добротворни цели за кучињата.
„Оваа кампања не само што ќе им помогне на студентите, туку е и одлична шанса кучињата да се навикнат да бидат покрај луѓе. Оваа способност ќе им дојде добро за нивното понатамошно развивање и успех како кучиња водичи“, велат од студентската унија.
Просторијата со кутриња била инспирирана од една јапонска студија која покажала дека луѓето постигнуваат повисоки резултати на тестови доколку претходно поминувале време со кутриња и мачиња. Интересно, но повозрасните кучиња и мачки немале таков ефект врз луѓето.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.