Умно дизајнирана шолја која ги лови „залутаните“ капки кафе
Драги кафеџии, на повидок е решение за круговите кафе на масата, врз документите на вашето биро или на тастатурата. Со оваа шолја, ваквите проблеми заминуваат во минатото. Дизајнирана е да ги „лови“ капките кафе пред тие да се излизгаат и да паднат, односно на нејзината површина е направена мала вдлабнатина во облик на прстен во кој се задржува течноста.
Оваа едноставна, но ефикасна идеја е на корејскиот дизајнер Kim Keun Ae. Обидете се и вие на вашата омилена шолја да издлабите тенко жлепче со кое трајно ќе го решите проблемот со залутаните капки кафе, или барем додека случајно не ја скршите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.