Уметност од зрна кафе
Автор: Елена Јошеска
Досега беа објавени интересни дизајни направени на површината од кафето, уметнички дела нацртани со еспресо, па дури и дела насликани со дно од шолја извалкана со кафе. Сепак, овој вид уметност опфаќа и интересни креации направени од зрна кафе.Зрната кафе може да се искомбинираат и со други природни материјали, а исто така може да бидат дел и од body art.Најголемиот мозаик изработен од зрна кафе, според Гинис, е мозаикот на албанскиот уметник Саимир Страти. Тој содржи 140 кг кафе во зрна и претставува групен портрет на африкански тапанар, бразилска танчерка, европски хармоникаш, јапонски тапанар и американски кантри-пејач.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.