Претходно
Турско кафе со кокосов шеќер и морско оревче
За добар почеток на продолжениот викенд, совршен рецепт и за оние што постат!
Потребни состојки:
- 1-2 лажици турско кафе
- 230-290 милилитри изворска вода
- 1 лажица кокосов шеќер
- Прстофат морско оревче во прав
- 1 лажица екстракт од ванила (по желба)
Начин на подготовка:
Ставете ја водата во ѓезве и додајте ги кафето, шеќерот и ванилата. Варете на тивко сè додека не се појави пена на врвот. Кога тоа ќе се случи, тргнете го ѓезвето од оган и сипете го во шолја. Попрскајте со морското оревче и вашето кафе е спремно за сервирање. Уживајте!