Претходно
Тропско кафе: Карипски острови
Почувствувајте се егзотично со овој одличен рецепт за кафе
Состојки:
- 45 милилитри еспресо
- 20 милилитри кокосов ликер
- 10 милилитри црн рум
- 50 милилитри шлаг пена
- 3 ледени коцки
Начин на подготовка:
Ставете ги ледените коцки и шлаг пената во шејкер и тресете 20-тина секунди. Сипете го ликерот од кокос во чаша, а врз него додајте го и румот. Подгответе го еспресото во посебен сад или чаша и потоа претурете го врз румот. Завршете со оладената шлаг пена.