Тропско кафе

Тропско кафе

Ладните денови можат понекогаш да станат депресивни. Ова кафе е токму за тие денови. Ананасот ќе ве однесе на плажата од соништата, а кафето само ќе го надополни тоа прекрасно чувство на сонце и лето.Тропско кафе

Потребно за две кафиња:

  • 200 мл сварено црно кафе (100 мл за еден човек)
  • 200 мл млеко, загреано
  • 20 мл сок од ананас
  • 2 лажици кокосово брашно (рендан кокос)
  • 20 мл ликер од кокос

Подготовка: Млекото ставете го во мало тенџерче и додадете го сокот од ананас. Почекајте да се загрее малку и потоа ставете го кокосот. Во две високи чаши распоредете го кафето и смесата со кокос. Со лажица промешајте и ставете го ликерот. По желба може да ставите цврсто изматен шлаг од горе. Се пие топло или ладно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Ана Reply

    Имате многу добри рецепти, би сакала да предложам ако можете да допишувате и нутриционистички факти за секој од нив….

Остави коментар